Quantcast
Channel: Радио МОФ
Viewing all 37877 articles
Browse latest View live

Ловење кучиња кога никој не гледа и воведување сомнителни „резервати“ –Анима Мунди за Програмата за работа на „Лајка“

$
0
0

Резерват за трајна дислокација на кучиња, бројни и скапи тестрирања за кучињата несвојствени и за многу побогати државиправна и материјална одговорност од хуманите граѓани кои со сопствени ресурси се грижат и помагаат на заедницата за бездомните кучиња  и ловење на кучиња исклучиво во саати кога речиси сите спијат и никој не гледа – се дел точките на кои реагираат од Здружението за права на животните „Анима Мунди“.

Според нив, во програмата има спорни и неприфатливи точки, кои бараат итно да се исфрлат и сменат во Програмата на претпријатието за третман на бездомните кучиња за 2020.

Во продолжение, Радио МОФ во целост ги пренесува барањата на „Анима Мунди“:

1. Измена на терминот кучиња (животни) „скитници“. Изразот е негативен и сугерира дека со однесува на нешто треба да се ерадицира. Повеќето се маалски миленици, одомаќени на локација, „community dogs“, кучиња кои не скитаат. Прифатен термин во светски рамки е “бездомни животни“. Во случајов бидејќи програмата се однесува само на кучиња, потребно е да стои терминот „бездомни кучиња“, освен ако во Програмата не бидат опфатени и мачки, што е повеќе од потребно и би го поддржале.

2. Со програмата на ЈП Лајка се воведува нејасна можност за стационирање на кучињата во „резервати“ која е исклучително сомнителна, опасна, која во ниту еден случај не ја сметаме за наивна, ниту прифатлива и инсистираме да се исклучи веднаш. Термин и третман кој е непознат во светски рамки и во најмала рака апсолутна новина во Европа, кој што би предизвика класичен природен дизбаланс (резервати се за диви животни) и нехуманост кон кучињата кои по својата природа живеат таму каде што е човекот, а не изолирани, во шума, или планина. Секое трајно изолирање и стационирање на животните е нехумано, неодржливо, скапо, претставува сериозна закана по здравјето на животните, граѓаните, ги нарушува еколошките и комунални стандарди и без исклучок претставува опасност.

3. Нејасно е како ЈП Лајка и Град Скопје и врз основ на што се определуваат на бројни, скапи тестирања на животните кои не се карактеристични за многу побогати градови (светски метрополи) и држави, што се наведува во Програмата. Освен сериозно оптоварување на буџетот на градот ја отежнува и брзината на спроведувањето на Програмата, која треба да биде клучна.

4. Наместо скапи тестирања и долготраен престој потребен е мерлив податок со кој капацитет на стерилизации/кастрации ќе работи ЈП Лајка на годишно ниво и ќе го оправда своето основање/финансирање/постоење.

5. **Заловувањето на кучињата не смее да се извршува само од 01:00 – 06:00 часот. **Доколку е хумано, стгандардизирано и изведено од стручни лица, доколку граѓаните кои се грижат за маалските миленици имаат доверба во ЈП Лајка, процесот ќе го потпомогнат и олеснат таквите граѓани . Заловувањето „кога никој не гледа“ индицира дека нешто се прави насилно, нехумано, што не би требало да се види и создава целосна недоверба во намерите на претпријатието и исходот по кучињата.

6. Бараме итно да се ревидира/исфрли потреба од тестирање за лишманија (во ниту една држава од нашето опкружување, на Балканот ова тестирање не е задолжително, ниту пак во земјите од ЕУ) и отфрлање на тестирањето за срцев црв. Бараме во ниту еден случај да не се убиваат животни кои можат да бидат излекувани (на пр. парвовироза) и за сите животни кои постои интерес да бидат згрижени/вдомени, а кои влегуваат во категоријата за еутаназија.

7. Бараме отворен стационар со јасно дефинирани процедури за соработка со граѓанскиот сектор и инклузивност на разни чинители, а не само програма за он лајн вдомување се суштински по важност. Никаде не се спомнува за отвореноста на стационарот и учеството на здруженијата, ниту пак приемни денови – напротив, нагласено е дека кучињата ќе бидат достапни да се видат на веб страна. Стационарот мора да биде од отворен тип, отворен за јавност во 2 смени со цел да сите граѓани, а пред се полнолетните (кои можат да вдомат миленик) да бидат во состојба да го посетат (надвор од стандардното работно време, или саатите кога се на училиште/факултет) и промовира вдомување, граѓански ангажман (волонтерство).

8. ЈП Лајка и Градот Скопје се финансирани од народни пари и да не бегаат од одговорност, и во ниту еден случај не смеат да наметнуваат правна и материјална одговорност на хуманите граѓани кои со сопствени ресурси се грижат и помагаат на заедницата за бездомните кучиња (ги хранат, вакцинираат, стерилизираат најчесто на сопствен трошок, дури и кога институциите не превземаат ништо) – а се грижат бидејќи ги има многу и бидејќи општеството – институциите – градот затаиле! Ова е до сега невиден преседан, своеволна злоупотреба и компромитирање на една од најуспешните практики во Европа кои ја засегаат оваа област, бидејќи се злоупотребува концептот кој постои во други земји и кој ние го предлагавме по пример на град Белград – воведување на статус „Старател на бездомни животни“.Старателот на бездомни животни е лице кое врши општествено корисна дејност и со своето волонтерско дејствување ѝ помага на заедницата во која живее. Таквите граѓани се фактор за намалување и контрола, а не зголемување на бројката на животни кои се на улица. Старателот на бездомни животни во ниту еден случај не одговара материјално ни кривично за штета (по одредбите за објективна одговорност од ЗОО) што евентуално би ја направиле бездомните животни за кои се грижи.“

Од Здружението информираа дека Програмата за благосостојба на животни скитници во вторник треба да се гласа во Советот на Град Скопје.


НАкС побараа Собранието да ги покачи платите во високото образование пред да се распушти

$
0
0

Независниот академски синдикат (НАкС) денес испрати допис до Собранието на Република Северна Македонија, во кој побараа да се усвои Законот за дополнување на Законот за исплата на платите во РСМ по скратена постапка, со што ќе се реализира најавеното покачување на платите во високото образование и наука пред распуштање на Собранието.

„Потсетуваме дека на својата 131 седница, Собранието го усвои предлогот за донесување на овој закон, но за жал, од тогаш, претседателот на соодветната комисија, г-н Влатко Ѓорчев, нема закажано расправа за овој закон. Сметаме дека покачувањето од 10% кој го предвидува овој закон е значајно за унапредување на позицијата на академската заедница, а за таа цел веќе се обезбедени средства од Буџетот на РСМ за 2020 година. Бараме процедурата за овој закон да биде откочена и Собранието да го изгласа пред да се распушти, со што ќе покаже вистинска грижа за високото образование во државата. Во спротивно, ќе биде јасно дека покачувањето на платите за вработените во високото образование е предмет на предизборна политичка игра“, велат од НАкС.

Од Синдикатот посочуваат дека дописот е испратен до претседателот на Собранието и до претседателот на Комисијата за труд и социјална политика.

 

Студентот Сирхан Усеин обвинува контролори на ЈСП за дискриминација –Насилнички ме симнаа од градски автобус

$
0
0

„Пред влезната врата патници се буткаат да влезат внатре во автобусот. Кога доаѓа ред да влезам јас, еден повозрасен човек насилно ме бутка. Јас му велам дека сите ќе влеземе, нема потреба да се буткаме.  Повозрасниот употребува пцовка упатена кон мајка ми. Му се обраќам да не биде прост, да не ме пцуе и  да не се однесува така. По влегувањето внатре во автобусот повозрасниот човек седнува до двајца контролори,  кои го прашуваа нешто. Контролорот станува и од цел автобус, јас во средина на автобусот, ми бара билет. Му поставувам прашање зошто само мене, а не и на другите. Тоа што следува како одговор е дека така он сака. Му објаснувам дека е ова дискриминација и дека јас сум студент и имам годишен билет и дека ќе го пријавам во полиција.“

Ова е сведочењето на студентот од Правниот факултет, Сирхан Усеин, кој обвинува контролори на ЈСП за дискриминација, за време на неговото вчерашно возење го градски автобус на релација Маџари-Автокоманда-Општина Гази Баба.

„Додека зборувам на телефон со полицаецот, следат закани од контролорите дека ќе ме удрат. Се дерат на мене, насилно. Со сила ме фаќат за рака и ме буткат надвор, при што ми паѓа телефонот на тротоар. Цело време додека се случува ова јас разговарам со полициското лице на телефон. Ме симнуваат со примена на насилство врз мене на автобуска станица во Гази Баба. Откако ме симнуваат на станица насилно ми го земаат билетот. Го проверуваат и се уверуваат дека имам годишен билет и ладно и идиотски ми го фрлаат на земја. Земам да го сликам и им велам дека ќе го кажам ова на полицијата. Контролорите ми велат, дека може сам сум го фрлил билетот.  Еден од контролорите пали цигара и се заканува дека ќе ми ја изгаси на чело. Пред да заминат ми се закануваат дека не сум знаел со кој имам работа“, раскажува студентот.

За случајот со студентот од Правниот факултет реагираа од Здружението на граѓани Ромаверзитас.

„Здружението на граѓани Ромаверзитас целосна ја подржува реакцијата на Сирхан Усеин и јавно ги повикува надлежните лица од Министерството за внатрешни работи, Комисијата за заштита од дискриминацја, Народен правобранител и Јавното сообраќајно претпријатие  да ги превземат потребните мерки и целосно да го расчистат случајот. Ние сметаме дека ова општество заслужува подеднаква шанса за сите без никакви изживувања од насилниците, потиснувања, закани и дискриминација. Секое недолично однесување, навреда или закана заслужува и соодветна реакција до сите инстанци и институции во државата, барајќи корекција на насилството, говорот на омраза и дискриминацијата по било кој основ“, велат оттаму.

Осуда и повик за реакција од институциите стигна и од Здружение на Правници Роми – ЗПР Скопје.

„Се повикуваат сите надлежни институции ведаш да ги преземат сите мерки и да го рачистат случајот. Се апелира кон отворена и транспаретна истрага и секој прекршок да биде евидентиран и соодветно процесуиран. Студентите се столбот на едно општество. Различностите треба да спојуваат, а не разиденуваат!“, посочуваат од Здружението.

ЈСП: Против контролорите ќе бидат изречени соодветни дисциплински постапки

Од ЈСП Скопје велат дека се запознаени со случајот, земени се изјави од двајцата контролори, а случајот се процесуира.

„Против контролорите ќе бидат изречени соодветни дисциплински постапки, кои ќе ги утврди комисијата врз основа на тежината на прекршокот на кодексот за работа. ЈСП Скопје се оградува од вакви изолирани случаи, а сторителите на истите соодветно ги казнува. Во случајов, од дописот/реакцијата не станува збор за евентуална дискриминација по било кој основ, туку за недолично однесување на посочените контролори.
ЈСП Скопје се извинува на патникот за непријатностите кои ги доживеал“, велат од ЈСП Скопје.

Ј.Ј.

[Видео] „FreeQ“ –фестивал каде природата се среќава со технологијата, а ѓубрето станува уметност

$
0
0

„Онаму каде природата се среќава со технологија, ѓубрето се рециклира себеси и станува уметност, а луѓето се претвораат во гномови“.

Со ваква најава тимот на „FreeQ“ го објави официјалниот краток документарец за фестивалот од изминатава 2019 година.

„FreeQ – Freedom Qulture Gathering“ е собир во Полска каде се здружуваат хипици, алтернативци, креативци, слободоумни луѓе од цел свет. На собирот има предавања и работилници за алтернативни начини на живот, рециклирање и занаетчиство. Луѓе истовремено играат разни друштвени игри, жонглираат, пејат и играат околу кампот, јадејќи органска храна.

Сето ова се случува во природа обиколена со инсталации од рециклирани и органски материјали, во ритамот на музика која ги задоволува музичките истражувачи.

„Гномовите уживаат во повеќе активности: ритуалистичко обожување на Мајката Земја, правење какао, магични трикови…“, се вели меѓу другото во видеото за „FreeQ“.

Изложба која одбележува четири децении уметност на Барбара Кругер

$
0
0

Во Институтот за уметност во Чикаго, овој ноември ќе се отвори изложбата „Thinking of you. I mean me. I mean you“ која е најголемото преставување на уметноста на Барбара Кругер во последните 20 години.

Изложбата ќе претстави четири децении на уметност од Кругер, а ќе бидат изложени ретко видени дела од раните 80ти, како и нови уметнички дела. Тука се вклучени огромни инсталации, видеа и аудио пејсажи кои ќе бидат спрострени низ целиот музеј.

Уметноста на Кругер освен во музејот, ќе функционира и во секојдневието на жителите. Билборди со нејзните дела ќе се постават низ целиот град, а ќе биде пуштена и посебна, „кругеровска“ верзија на билети за јавен превоз. Низ Чикаго, автобусите ќе бидат обвиткани со историска јавна уметност.

 

Постер за изложбата на Барбара Кругер

Извор: Dazed&Confused

Втора рунда од визуелно-книжевниот експеримент „Пиктографи“ во „Гаврош“

$
0
0

Во кафе-книжарницата „Гаврош“ во четврток (13 февруари) ќе се одржи второто издание на визуелно-книжевениот експеримент „Пиктографи“.

Оваа недела врз база на еден расказ, тројца официјални илустратори Марјан Димиќ, Драган Драш Китановски и Владимир Лукаш ќе цртаат три различни, секој своја, визуелни интерпретации на текстот.

„Сцената ќе биде отворена за сите заинтересирани присутни. Гаврош обезбедува моливи и листови за заинтересираните“, стои во најавата за втората рунда „Пиктографи“.

Настанот во „Гаврош“ започнува од 20 часот.

#ИнстаИлустрации –Бурџу Мусли, burjoo.art

$
0
0

Бурџу Мусли студира на сликарскиот оддел при Ликовната академија во Скопје. Слика на платно и изработува дигитални колажи, а понекогаш прави и комбинација од двете.

„Целта ми е на сликите да изразам некое чувство и состојба. Обично со сликите кажувам за некоја случка, приказна или си ги изразувам соновите и фантазиите кои ми се вртат во главата“, вели таа за Радио МОФ.

Мусли е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

 

View this post on Instagram

 

. . . . . #collageart #collage #artwork #art #artist #support #supportart #supportartists

A post shared by Бурџу Мусли 🌈 (@burjoo.art) on

По невремето има виножито, ЛГБТИ+ младите отворено за проблемите со кои се соочуваат

$
0
0

„Седевме во кола на паркингот под МСУ, од каде што се гледа Скопје. Си разговаравме, како што и често правиме, оти е малку ограничено каде можеш да искачаш и да не се плашиш дека ќе те избркаат од кафич оти си ја бацила девојка ти. Па,  кола често ни беше опција…“ ја почнува својата приказна #Ана, студентка од Скопје.

Споделувајќи само едно свое искуство, #Aна укажува дека дискриминацијата е присутна, исто како и недоличните коментари и социјалниот притисок кон ЛГБТИ+ лицата. Таа вечер пред МСУ, полиција им тропнала на прозорецот.

„Имаше магла надвор и во еден момент откога ја бакнав девојка ми, забележав дека човек стои на прозорот од моја страна. Се извадив од памет. Ни чукна на стаклото и ни кажа дека се од полиција, барајќи да им дадеме лични  карти.  Им рековме дека си седиме и си правиме муабет и ги прашавме да не има некаков проблем? Едниот дечко почна да ни збори ‘А што, како вака две жени заедно, требало во станица да не однесе, почна да не’ распрашува дали нашите знаеле’. Почнаа да прашуваат како сме имале односи, како одело тоа. Сакаа да ни остават бројче за да сме ги викнеле за тројка“.

#Ана е студентка од Скопје, која едно свое искуство, под псевдоним, сподели со Радио МОФ. Радио МОФ истражуваше, со кои проблемите секојдневно се соочуват ЛГБТИ+ младите и како тие влијаат врз нивното ментално здравје. Истражувањата покажуваат дискриминирачкото и навредувачко претставување во учебниците, зголемен процент на булинг на ЛГБТИ+ младите во образовните институции и неприфаќање од околината.

Психологот Зорица Николова, која е менаџерката на шелтер центарот „Сигурна куќа“, вели дека не е лесно да се замисли како им е на луѓето кои од најмала возраст увидуваат дека се поразлични.

„Замислете дека оваа различност ја искусувате континуирано во секојдневните конекции додека растете. Замислете дека сте жртва на „peer“ булинг и насилство, замислете дека социјалните и културните институции ве информираат дека вашата различност не е општествено прифатлива. Замислете дека сакате да сте со други кои се исто така поразлични, но немате можност за тоа. За многу ЛГБТИ + луѓе ова е реалноста на нивното детство и адолесценција и понатаму во развој кон возрасни индивидуи. Долготрајните ефекти од овој вид на изолација, предрасуда, дискриминација и хомофобија се многу интензивни и ги прави ЛГБТИ+ луѓето се повеќе подложни на проблеми од ментална природа за разлика од хетеросексуалните“, забележува  Николова.

И „булингот“ знае да биде секојдневие за многу млади од ЛГБТИ+ заедницата. Уште во основно училиште. Студијата за „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст, 11, 13 и 15 години“ од 2018 година даде алармантни резултати.

Tōkyō de Ville е дрег кралица од Скопје и има само 21 година. Не толку одамна,  се соочува со суровата реалност и првиот булинг, само поради тоа што бил поразличен од останатите.

Tōkyō de Ville,
фотографија на Ерина Богоева

„Првиот булинг и првата ментална тортура ја доживеав на 14 години, кога сè уште одев во основно училиште. Ме нарекуваа, се извинувам на речникот, пе*ер, пе*ерче и такви погрдни зборови, јас имав ‘feminine energy’ (женска енергија) и тие така се изразуваа поради стилот на облекување и начинот на кој говорев со своето тело. Не давав многу на значење на навредите, знаев дека е последната година од основно, одам во средно и прекинувам контакт со сите затоа што не добивав огромна поддршка од самото опкружување, иако на тие години, наставниците не се замараат со учениците, а треба!“, раскажува за Радио МОФ.

Уште пострашно било во средно. Првиот ден, вели, никогаш нема да го заборави.

„За првпат доживеав страшен булинг, слушав дофрлувања и ме пратеа погледи, а немав поддршка од никој. Решив да барам друго решение бидејќи се чувствував загрозено и небезбедно. Кога го сменив моето средно училиште, продолжи булингот, ама, сфатив дека треба да ставам крај на тоа. Се борев, имав закани за физичка пресметка, вреѓања, булинг од секаков тип. Откако сфатив дека треба да застанам на мои нозе, почнав да се спротивставувам и сфатив дека тие се повлекуваат. Во средното училиште во кое завршив имав огромна поддршка од дел од професорите и од директорката, иако само мојата класна знаеше за мојата сексуална ориентација“, се потсетува дрег кралицата.

Институционалниот булинг не е „escape room“

Коалицијата „Маргини“ веќе цела деценија апелира за повлекување на дискриминаторските содржини во образованието. Тие алармираа дека дека учебниците се полни со небулози и дискриминација, а во нив, хомосексуалците се претставени како „девијантни“, „ненормални“, исклучени од дефиницијата за семејство, ментално растроени, психопатски личности со нарушувања. Коалицијата почна да ги со ревидира учебниците од 2011 година, и успеа да издејствува повлекување на содржина од повеќе од 8 учебници за на факултет. Но, тоа е недоволно велат. Бараат комплетна ревизија на сите учебници и учебни помагала, бидејќи нотираат неточни или застарени содржини, но и родови стереотипи и вознемирување на друга основа.

Драгана Дрндаревска, од „Маргини“, укажува дека употребата на неточни информации во учебниците значи повреда на правото на образование.

„Овие автори, членовите на рецензентските комисии, вработените во МОН, членовите на комисиите, сите одговорни за одобрување на учебниците земаат плата или хонорари од народни пари. Потоа исто така се трошат нашите пари за да се печатат тие небулози, да се предаваат, а учениците имаат обврска да совладаат неточни информации“, вели Дрндаревска.

Во светот сексуалната ориентација се дефинира „како како трајна емоционална и сексуална привлечност кон друго лице, на континуум од ексклузивна хетеросексуалност до ексклузивна хомосексуалност, со различни степени на бисексуалност помеѓу овие два екстремa“. Хомосексуалноста  и бисексуалноста веќе четири децении се третираат како нормални варијации во сексуалната ориентација, а не како психијатриско пореметување кое треба или може да се лекува. Во С. Македонија пак Универзитетите употребуваат стручна литература во хомосексуалноста е претставена какко девијација.

„Засега, процесот на ревизија уште не е почнат и покрај бројните барања. Се преземаат одредени чекори во врска со учебниците за основно и средно образование, но не би рекла дека сериозно се адресира проблемот. Дополнителен проблем се учебниците од високо образование. За нив е надлежен секој засебен универзитет. Но, од досегашните напори може да заклучиме дека некои универзитети не се соработливи како УКИМ. И покрај препораката на Народниот правобранител да се измени правилникот за издавачка дејност и во него да се вметне антидискриминаторска клаузула, универзитетот со години не ја спроведува препораката. Напротив, и по донесувањето на оваа препорака се издадени учебници со ектремно сомнителна и ненаучна содржина, како учебниците на Благоја Јанаков“, вели Дрндаревска.

Николина Кениг, професорка на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет, потврдува дека анализите на содржината на релевантни учебници за високо образование во земјата кои биле спроведени неколку години наназад, недвосмислено покажуваат дека значителен дел од учебниците потикнуваат хомофобија или преку користење навредлив јазик, дезинформации, или низ експлицитно прикажување на хомосексуалноста како форма на девијација од нормалноста.

„На институционално ниво, за жал, сведочевме декларативна, но не и практична подготвеност за доследно спротиставување на дискриминацијата врз основа на сексуална различност, што е крајно проблематично со оглед на тоа дека противречи на етичките платформи на кои почиваат професиите за кои студентите се подготвуваат во текот на студирањето. Згора на тоа, скорешно истражување покажа дека загрижувачки висок процент од студентите кои се подготвуваат за овие помагачки професии (психологија, социјална работа, специјална едукација, медицина и сл.) имаат екстремно негативен став кон сексуалните малцинства и дека состојбата не се менува значајно во текот на студирањето“, вели таа.

Tōkyō de Ville, претпоставува дека студентите што се припадници на ЛГБТИ+ заедницата и што студираат на факултетите во чии скрипти сè уште стојат сите тие навреди, одат по линија на помал отпор и го рецитираат материјалот за да го положат испитот, додека своите искуства ги задржуваат за себе.

„Треба да се направи еден бунт, еден револт каде што студентите ќе одговорат на тие прашања – не, не е така. Ние сме нормални, иако нашите животи се доста потешки за разлика од останатите. (Студентите н.з.) треба да се спротивставуваат на сето она што ги учат скриптите и професорите, треба да застанат и да кажат не, не е така – иако сме дел од оваа заедница ние сепак припаѓаме на целокупното општество и функционираме во истото“, вели дрег кралицата.

Професорката Кениг се надоврзува дека не е тешко да се замисли под колку висок ризик е ментално здравје на припадниците на ЛГБТИ+ заедницата во околности во кои опкружувањето им испраќа пораки дека се „изопачени“, „помалку вредни“, „болни“, „небитни“, додека сето тоа е под плаштот на божемен научен авторитет.

„Страшно е да се замисли и како ефектот ќе се мултиплицира кога студентите чии предрасуди не биле соодветно адресирани во текот на студирањето, ќе станат идни професионалци кои на различен начин ќе се грижат за добросостојбата на клиентите меѓу кои сигурно ќе има и лица кои не се хетеросексуални. Оттука, навистина е скандалозно доколку оваа состојба итно и со доследни мерки не се надмине“, концизна е професорката Кениг.

Според Дрндаревска, Универзитетите не можат да се оправдуваат со својата автономност и со слободата на изразување, слободата на научната мисла. Таа вели дека автономијата не подразбира дека можат да прават што сакаат и да не одговараат никому за ненаучни и неточни текстови, дискриминација и говор на омраза.

„Слободата на изразување во правото е ограничена со правата на другите, како правото на еднаквост на жените. Тврдења од типот дека луѓето од црната раса постигнуваат послаби резултати во образованието поради послаба интелегенција, или тврдења дека хомосексуалците се болни, се ненаучни тврдења, примери за расизмот и хомофобијата на авторите кои некако успеале да станат и универзитетски професори. Овие луѓе треба соодветно да се казнат, универзитетите да им ги одземат титулите, наместо да зборуваат дека овие кои им посочуваат на овие пропусти им ја напаѓаат слободата и автономијата“, додава таа.

Да се биде геј надвор од Скопје воопшто не е светкаво

За тоа како е да се биде геј во Македонија, Николова вели дека од нејзиниот професионален ангажман во Сигурната куќа, припадниците на ЛГБТИ+ заедницата, особено тие најранливите и најмаргинализираните, се борат секојдневно со себеприфакање и прифаќање од страна на најблиските. Додава и дека се борат со дискриминација, депресија, со разочарување, се борат со својата ранливост и тага, а во исто време секојдневно учат и се развиваат од своите искуства.

Позитивни промени Николова гледа во тоа што лани имаше придвижувања во областа на дискриминацијата. Усвоен е Законот за спречување и за заштита од дискриминација, каде се директно посочени сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Николова ја споменува и промената на Кривичниот законик и Законот за медиуми, но забележува, сето ова треба допрва да се тестира заедно со работата на новата комисија за заштита од дискриминација.

Но, додека новите закони чекаат „амин“, ЛГБТИ+ заедницата сè уште живее на маргините, функционирајќи во свој „балон“.

„Неуспехот на една држава да ги отелотвори човековите права на луѓето од ЛГБТИ+ заедницата во своето законодавство и практика раѓа низа сериозни проблеми, правна несигурност и нееднаков пристап до правда. Луѓето од ЛГБТИ+ заедницата се изложени на постојана дискриминација, говор на омраза и на насилство поради нивната сексуална ориентација и/или родов идентитет, а државата нема оформено систем што соодветно ќе ги заштити. За жал, паралелно со зголемувањето на забележливоста на заедницата, се зголемуваат и омразата и насилството, а неказнувањето и неповикувањето на одговорност што, во суштина, се случува, само охрабрува продолжена омраза и насилство“, забележува Николова.

За Tōkyō de Ville, ако е тешко да се живее во Скопје, тогаш уште е потешко на овие лица надвор од главниот град.

„ЛГБТ лицата кои не живеат во Скопје постојано наидуваат на различни предизвици од општеството. Тие живеат во страв од нивната сексуална ориентација и родов интернет. Стравуваат да не дознае околината и нивното семејство, што би резултирало со големи последици. Секојдневно се лесна мета за вознемирување, ментално и физичко. Овие лица стравуваат да го пријават малтретирањето во полиција затоа што не сакаат проблемот со кој што се соочуваат да стане поголем“, вели Токио.

Секој треба да добие еднаков дел од колачот наречен „човекови права“

Како што велат активистите, „нема нема мерило, не е ова колач, па да се бориме кој ќе земе повеќе, ова е еднаквост!“

„Правата на ЛГБТИ+ заедницата се важни затоа што без нив не можеме да зборуваме за демократија и за еднаквост. Правата на хетеросексуалците не се поважни од правата на луѓето од ЛГБТИ+ заедницата“, дополнува Николова од „Сигурна куќа“.

На прашањето дали себеприфаќањето зависи од тоа колкава поддршка имаат лицата од своето семејство и пријатели, таа вели дека тоа е од есенцијална важност за „coming out“ наративата (отвореност за сексуалната ориентација), бидејќи најчесто тој процес се случува многу порано пред индивидуата да е подготвена за независен живот.

„Промената на општествено ниво секогаш произлегува од индивидуална и лична промена, прво во насока на себеприфаќањето на една индивидуа, кое е коренот за здрав личен развој и второ во насока на прифаќањето од системот на поддршка на таа индивидуа, кој најчесто вклучува семејство и пријатели“, додава таа.

Според Николова, голем дел од ЛГБТИ+ младината се соочува со негативен став кон прифаќањето на сексуалната ориентација и родов идентитет, по што следува отфрлање од семејството.

За Tōkyō de Ville, иако сега животот вели дека му е променет на подобро, трагите од минатото остануваат.

„Сакам да успеам, но сепак трагите од минатото сè уште ме демнат темните денови, сите непроспиени ноќи, проплакани солзи поради сите проблеми создавани од околината гледам да ги трансформирам во перформанс, да ги прикажам на публиката за и тие да почувствуваат како мене ми било во тој период од животот. Не секој го поминува тој процес и мислам дека е многу важно младите припадници на ЛГБТИ+ заедницата да знаат како било порано и како е сега затоа што иако не се поминати многу години. Луѓето се поотворени со целата популаризација на ЛГБТИ+ културата на глобално ниво, особено со новиот закон за дискриминација што го донесоа пред неколку месеци кај нас. Нештата се подобруваат.“

На прашањето што може да се направи за да се спречи понатамошната дискриминација врз ЛГБТИ+ младината и да се започне нивната инклузија, студентката #Ана вели дека прв чекор е законската заштита на заедницата, но и создавањето информирани професионалци кои прописно би си ја вршеле работата.

„Вториот чекор е точно информирање на јавноста и сите лица кои вршат воспитно-образовна функција. А доколку сè ова нема да профункционира, тогаш мислам дека е најважно да тргнеме од себе и да се однесуваме кон секој со љубезност и почит, без разлика на наметнатиот социјален притисок, однесувањето може да се учи и смени, па оттаму можеме да се стремиме да бидеме пример за околината“, вели #Ана.

 

View this post on Instagram

 

Моето име е Tōkyō de Ville, имам 21 година и сум дрег кралица од Скопје. Уште од мал знаев дека многу ме привлекуваше vintage облеката на мојата баба од 50/60тите години. Можеби затоа сум приврзан кон тие декади и ги имплементирам во мојата дрег персона. Како дете имав конфузија околу мојот род и моето родово изразување и понекогаш си мислев „а што ќе направев ако бев девојче или како ќе се однесував ако бев девојче“ но јас сум машко, дали е ова правилно што го правам за едно момче, но не давав големо значење на сето тоа, зошто сметав дека секој човек уште од најмала возраст има право да се изразува и да биде она што навистина е, без разлика на нормите кои ни ги наложува општеството. На почетокот на мојата адолесценција сфатив дека сум океј со мојот род којшто се однесува на мојот биолошки пол, се изразувам во машки род дури и во дрег настапите за да создадам уште поголема конфузија кај луѓето затоа што тие гледаат некаква илузија на жена која се изразува во машки род. Целата поента на дрегот е /bending of the gender/. Да е нешто несекојдневно, нешто што самото по себе е наменето за на сцена. Засега не сум се почувствувал дека сум загрозен за време на настапите, дека некој ќе дојде физички и ќе ме нападне или ќе се случи некаква хаварија во публиката. А и да се случи нешто такво, јас би бил првиот што би „влегол“ во таква хаварија затоа што себеси и останатите дрег кралици ги гледам на фронтот на ова движење бидејќи дрегот според мене е авангардата на ЛГБТИ+ културата. Прочитајте ја целата приказна на @tokyo.de.ville во склоп на нашиот текст за ментално здравје кај ЛГБТИ+ младите кој може да го најдете во линкот на био.

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on


Ивана Смилевска

 


Кандидатите за иден студентски лидер на УКИМ утре ќе се соочат на јавна дебата, избори во четврток

$
0
0

Кандидатите за претседател на универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се соочат на јавна дебата утре (12 февруари) во амфитеатарот на Градежниот факултет, со почеток во 18ч.

Студентите ќе имаат можност да се запознаат со кандидатите и нивните програми непосредно пред изборите, кои се најавени за четврток (13 февруари).

„Сите заинтересирани ќе имаат можност да ги упатат своите прашања и забелешки кон кандидатите“, стои во најавата за јавната дебата, организирана од факултетските студентски собранија на ФИНКИ и на Правен факултет.

Бесиан Мехмети, архитектот на ОУ „Киро Глигоров“ е говорник на ENGAGE 2020

$
0
0

Бесиан Мехмети е основач на архитектонското студио БМА во 2012 година, како плод на неколку годинишна соработка и freelance искуствa во областа на архитектура, урбанизам и дизајн. Откако дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје, тој е ангажиран во бројни проекти и наградени конкурсни решенија, во и надвор од земјата, меѓу кои и проектот за Плоштад Скендербег во Скопје, Театарот и библиотеката во Тетово, и проект за новото основно училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец, Скопје.

Има учествувано на неколку изложби, вклучувајќи го Венециското биенале во 2012 година и самостојна изложба во New York во 2019 година. Добитник е на Голема Годишна Награда за архитектура за 2019 година. Повикан е како гостин предавач во симпозиуми, формални и неформални средби за архитектура и дизајн.

Покрај праксата, со години е активен и како асистен на Архитектонскиот Факултет во Скопје, Одделот за Архитектура при Универзитет во Тетово и Факултетот за Архитектура и Дизајн на УАКС. Како претходица на архитектонската пракса, Бесиан бил одговорен за голем број графички проекти во Eggra, дизајн агенција која ја основаше со Ngadhnjim Mehmeti, создавајќи меѓународна репутација со публикации во Graphis, Communication Arts и Logolounge, меѓу другите.

Тој е дел од говорниците на ENGAGE 2020 што ќе се одржи на 22-ри февруари со почеток во 12:00 часот во МКЦ, Скопје. Тој ќе зборува на темата „Училишта од иднината: Нови можности за подобро образование“.

Инаку, деветтото издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2020 ќе вклучи домашни и странски активисти-говорници на разни теми како дигитална демократија, животна средина, иднината на образованието и медиумите, како и правата на ЛГБТИ заедницата и граѓанската ангажираност.

Листата на говорници сѐ уште не е затворена. Во меѓувреме, регистрацијата за настанот е отворена, а можност за учество ќе имаат првите 300 пријавени учесници за конференцијата.

За да ја проследите конференцијата, може да се регистрирате тука.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.

76% од интернет корисниците проверуваат пред да се пријават на онлајн игра –анкета на Метаморфозис

$
0
0

На Вибер си додаден/а во нова група каде што се голем дел од твоите другари/ки но и многу други непознати броеви. Во групата покрај мемиња и видеа, се споделуваат и лични слики и навредливи коментари. Некои од твоите другари/ки излегуваат од групата. Што ќе направиш ти? Се логираш на веб-страница за наградна игра, а формуларот бара лични податоци. Што ќе направиш ти? Доби порака од другар кој ти бара телефонски број од ваша заедничка другарка. Што ќе направиш ти? 

Ова се прашањата од онлајн анкетата на Фондацијата Метаморфозис насочена кон младите кои имаа цел да ја прикажат моменталната свест кај нив за безбедното користење на интернет, а се инспирирани од актуелни случувања во изминатиот период.

Резултатите покажуваат дека кај испитаниците постои критичка свест за тоа како треба правилно да се реагира во ситуации кои преставуваат ризик за корисникот на интернет. Сепак, од Метаморфозис сметаат дека иако овие резултати се охрабрувачки, треба постојано да се работи на одржување и подигнување на свеста кај младите за безбедно користење на интернет и новите технологии.

Онлајн анкетата е направена по повод Денот за побезбеден интернет – меѓународен настан кој се одбележува секоја година во февруари со цел промовирање на побезбедно и поодговорно користење на онлајн технологиите и мобилните телефони од страна децата и младите.

Оваа година, 150 земји го одбележуваат овој ден по мотото „Заедно за побезбеден интернет“.

„Медена земја“, „Врба“, „Петрунија“ меѓу бесплатните проекции на „Златна рамка“ во МКЦ

$
0
0

Викендов, од 14 до 16 февруари, во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се одржува „Златна рамка“, годишна ревија на македонските филмови. Во програмата се и дел од најголемите македонски филмски остварувања од изминатава година како „Медена земја“, „Врба“ и „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“.

Ова е второ издание на филмската ревија, а ќе бидат прикажани 22 филма во три програмски целини (долгометражни, краткометражни и документарни филмови).

Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници, во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот културен центар. Целта на „Златна рамка“ е домашната публика да добие можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските професионалци да разменат мислења и искуства за нивната работа.

Целосната програма на „Златна рамка“ може да ја најдете на следниов ЛИНК.

Зимска школа: АРТивизам против корупција

$
0
0

Национален младински совет на Македонија со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, објави повик за учество во „Зимска школа: АРТивизам против корупција“ која ќе се одржи од 26 до 29 февруари надвор од Скопје.

Фокусот на школата ќе биде запознавање со методи за детектирање на корупцијата во одредени сегменти и развивање на вештини кај младите за посочување на истата низ креативни начини. На „Зимска Школа“ можат да се пријават сите млади (15-29) од следните региони: Југоисточен, Југозападен, Пелагонија и Скопски регион.

Програмата е поделена во два дела. Во првиот дел учесниците ќе бидат дел од „Зимска Школа-АРТивизам против корупција“, во вториот дел ќе имаат можност да реализираат иницијативи врз основа на стекнатите знаења од школата.

Овој проект ќе ги запознае младите со методи за спречување корупција преку организирање работилници, јавни дебати и кампања на социјалните мрежи со цел да се предизвика општествена одговорност и да се охрабри активно учество на младите во спречувањето на корупцијата. Присуството на корупцијата во државата влијае на животите на младите луѓе, ги ограничува нивните професионални аспирации, и ги присилува да мигрираат надвор од државата.

Рокот за пријавување на кандидатите е до 17 февруари на следниот ЛИНК.

12 весници добија 714.000 евра владини субвенции

$
0
0

12 весници ќе поделат вкупно 44 милиони денари (околу 714 илјади евра), соопштија од Владата објавувајќи повеќе детали од распределбата на пари преку Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми која се спроведува втора година по ред.

Најголема субвенција добива „Слободен печат“, 14,5 милиони денари, а најмалку пари се предвидени за „Битолски весник“, нешто под 50 илјади денари.

                               За исплата
# Коминтент Печатење Дистрибуција Вкупно
1 Нова Македонија 5,234,866 1,565,860 6,800,725
2 Слободен печат 8,802,648 5,735,912 14,538,560
3 Зенит 222,249 75,000 297,249
4 Капитал 1,879,725 219,665 2,099,390
5 Коха 4,337,620 643,607 4,981,227
6 Вечер 6,856,069 1,593,954 8,450,023
7 Фокус 3,528,000 1,094,268 4,622,268
8 Лајм 854,000 109,503 963,503
9 Битолски Весник 46,470 2,700 49,170
10 Шења 212,274 0 212,274
11 Лице в лице 231,150 0 231,150
12 Економија и бизнис 616,876 45,619 662,495
ВКУПНО ДЕНАРИ 32,821,946 11,086,086 43,908,032

 

Од Владата посочуваат дека пристигнале вкупно 16 барања за добивање субвенција преку програмата, но 4 печатени медиуми биле одбиени бидејќи не ги исполнувале критериумите. Два медиуми биле одбиени бидејќи биле специјализирани изданија, еден затоа што е бесплатен, а еден затоа што немал поднесено комплетна документација.

„Постапката за избор на корисниците на средствата согласно Програмата ја спроведе Комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат во којашто членуваат и по еден претставник  на АЗНПММ и еден претставник на ЗНМ. Комисијата донесе одлука врз основа на доставените барања и комплетната документацијa, согласно јасно дефинирани критериуми. Висината на одобрената поддршка е утврдена врз основа на доставените фактури за календарската 2018 година, а е дефинирана со договор потпишан помеѓу Генералниот секретаријат и избраните корисници врз основа на Записник за евалуација и Извештај на одобрени барања“, соопштија од Владата.

Од таму најавуваат и дека следниот период, на предлог на медиумските професионалци и нивните здруженија, предвидено е оваа Програма да се преточи во транспарентно системско решение, во инклузивен процес со сите засегнати страни од сферата на медиумите.

НаТочак: Мерки за одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот во сите урбанистистички планови

$
0
0

Велосипедската иницијатива НаТочак вели дека треба задолжително да се пропишат мерки за одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот во сите урбанистистички планови.

Ова, велат тие, бил еден од шестте предлози за измена на Законот за урбанистичко планирање, од кои само два биле делумно прифатени. Меѓу прифатените е предлогот да се отвори процесот на донесување ГУП за јавноста, а меѓу делумно прифатените е токму овој предлог, за мерките за одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот.

Тие ја објаснуваат суштината на предлогот и делот кој, вело-активистите, чудно е што не е прифатен.

Во продолжение во го пренесуваме целото соопштение-анализа на НаТочак:

1️.ЗОШТО ВАКВИ МЕРКИ ВО УРБАНИСТИЧКИТЕ ПЛАНОВИ?

Имајќи предвид дека безбедноста на животите на луѓето во сообраќајот е просторно и физички условена, должност е на планирањето да води сметка за неа.
Исто така, имајќи предвид дека културата на мобилност во едно место се создава најмногу преку обезбедување соодветни инфраструктурни услови, а не преку кампањи, должност е на сите планери и сообраќајни инженери да обезбедат услови за пешачење, возење велосипед и користење јавен превоз, во насока на целите за поголема одржливост, јавен интерес во планирањето, справување со климатските промени, здрава и чиста животна средина.
Плановите од сите нивоа, во рамки на опсегот на својата работа мора да обезбедат мерки за поттикнување на одржливиот транспорт и мерки за безбедност во сообраќајот.

Во плановите иако таа вредност, тоа начело на автоцентричност не е никаде запишано во претходните законски и подзаконски решенија, се оди како по некаква инерција и со автоцентрични вредности: да се обезбедат што подобри услови за брзо возење и тоа на што повеќе автомобили.
Транспортот не се гледа како целина, како систем кој може да се моделира и притоа да се обезбедува успешна мобилност на луѓето и добрата на различни начини од кои одредени начини на превоз треба да се поттикнуваат, а други да се обесхрабруваат. Напротив, транспортот се гледа како некаква зададеност (од виши сили), дека мора да се обезбедуваат услови за растечкиот број возила, без притоа да се обезбедат ниту основни услови за пешачење, возење велосипед и јавен превоз, наместо да се гледа како поле каде треба да се направи визија и план кои ќе го насочат транспортот во одржлива насока.

Мерките кои планирањето треба да ги обезбеди за одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот не смеат да се сведат на празни флоскули, туку мора соодветно да се презентираат во плановите:
-во планираните профили на улиците (распределбата на просторот на различни начини на превоз и нивната удобност, широчината на лентите, обезбедувањето на зеленило за пешачките и велосипедските патеки итн),
-во намалување на широчините на лентите за автомобили и на радиусите на свртување;
-во општите и посебни услови за изградба на сообраќајници во опфатот (да се бара да мора да предвидат во инфраструктурните проекти мерки за смирување на сообраќајот),
-во општите и посебни услови за парцелите (да се обезбеди паркинг за велосипеди, не само за автомобили),
-во предвидувањето патни диети,
-во предвидувањето пешачки и велосипедски патеки и надвор од стандардните улици (т.е. преку зголемување на опциите за пешачење и користење велосипед споредено со автомобилот),
-повеќе пешачки и велосипедски мостови итн.

Стварноста која ја живееме не е зададена сама по себе, таа е резултат на многу правила и нивно спроведување и неспроведување.

2.ЗА ОПФАТОТ НА МЕРКИТЕ ИЛИ ЗОШТО САМО ГРАДОВИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ?!

Драго ни е што МЕРКИТЕ ЗА ОДРЖЛИВА МОБИЛНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ отсега натаму станаа задолжителен дел од документацијата на Генералниот урбанистички план, Деталниот урбанистички план, но не и кај Урбанистички план за село, Урбанистички план за вон населено место и Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење. Па на овие места со поретка населеност безбедноста е уште погорливо прашање!
Дали луѓето во селата не заслужуваат да имаат пристојни тротоари?
Зошто регионалните патишта кога ќе влезат во населено место село продолжуваат со истиот дизајн на регионален пат, иако на него излегуваат директно куќи и училишта? Дали знаете дека со моменталната регулатива тие не можат легално да си изградат тротоари и да го смират сообраќајот со подигнувања и стеснувања?
Знаете ли дека огромен дел од жртвите во државава се токму на такви патишта?
Таков беше случајот со Кико, со Ненад, со многу други чии имиња ги знаеме и не ги знаеме.

Оттаму неразбирлива ни е кусогледоста на пратениците во поглед на овој предлог. Само луѓето во град заслужуваат одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот?
Очекуваме овој голем пропуст во прва прилика да се поправи.

 

Блокираните ходници во зградите, пренесувањето на можеби наврнатиот точак преку дневна до балкон од можеби не младо и агилно лице – се ситуации кои плановите можат да ги решат преку обврска сите новозиградени објекти да обезбедат велосипедски паркинг.
Велосипедот зафаќа 10-12 пати помалку простор од автомобилот во мирување (при паркирање). Издвојување на мал специјален простор во проектирањето на објектите многу ќе значи.

Паркингот за велосипеди може да биде дел од гаражата за автомобили, може да биде специјална просторија на приземје или во подрум или пак дел од дворот на објектот, но во секој случај мора да биде однапред предвиден!

Ова се дел од мерките за одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот кои треба да се пропишат за улиците од примарната мрежа, булеварите.

Ова се дел од мерките за одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот кои треба да се пропишат за улиците од секундарната мрежа, маалските улици.

 

 


Собранието едногласно го ратификуваше Договорот за членство во НАТО

$
0
0

Со 114 гласа „за“ Собранието на С. Македонија го изгласа Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, со кое земјава ја потврди волјата за пристапување кон НАТО Алијансата.

Со овој Договор, С. Македонија формално ја исполни постапката за членство во НАТО, која ќе има одложено дејство додека и шпанскиот парламент, како последна држава, не го ратификува Протоколот за влезот на земјава како 30-та членка во Алијансата.

На свечената седница, пред пратениците се обратија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претставници на парламентарните групи.

По ратификацијата, пред Собранието ќе биде подигнато знамето на НАТО.

Меѓу повиканите гости беа лидерите на сите политички партии, претседателите на највисоките судски институции, членови на дипломатскиот кор, потоа високи претставници од парламентите на повеќе земји од регионот и висок претставник на НАТО.

„Би-би-си“ снима активистички документарен серијал за Грета Тумберг

$
0
0

Шоуто ќе го прикажува растењето на Грета, додека таа патува околу светот обидувајќи се да ја покрене свеста за климатските промени.

„Би-би-си“ премиерно ќе прикажува документарен серијал за шведската активистка Грета Тумберг, а шоуто ќе ги следи нејзините интерконтинентални патувања додека таа ја крева свеста за климатските промени, ги охрабрува луѓето да се придружат на заедничката кауза и ги притиска светските лидери да воведат промени по ова прашање.

Според „Би-би-си“, серијалот исто така ќе го следи и растењето на Грета, додека таа се конфронтира со последиците на светот кој не презема акција. Истовремено, ќе се прикажува и процесот на пишување на некои од нејзините познати говори.

„Климатската промена е можеби најголемиот проблем во нашите животи, па чувствуваме дека е време да снимиме авторитетна серија која ќе ги истражува фактите и науката зад оваа комплексна тема. Да се работи на ваков проект заедно со Грета Тумберг е голема привилегија, особено фактот дека ќе добиеме претстава за тоа како е да се биде глобална икона и едно од најпрепознатливите лица на Земјата“, изјавил продуцентот Роб Лидел.

Тумберг стана лицето на движењето против климатските промени во 2018 година, кога го започна својот училишен штрајк за да ги повика властите да воведат посилни мерки за спречување на климатската криза.

Оттогаш, таа охрабри безброј млади луѓе да се придружат на нејзините неделни штрајкови, го предводеше најголемиот глобален протест против климатските промени, оддржа голем број на елоквентни говори и беше прогласена за „Личност на годината“ според „Тајм“ магазинот.

Тумберг патуваше од Европа до САД за да го посети Самитот на Обединетите нации, како и нивната конференција за климатските промени. За да стигне до САД, Грета едреше две недели, а како превозно средство користеше брод со соларни панели и подводни турбини.

Серијалот на „Би-би-си“ не е првото шоу кое ќе биде посветено на Тумберг и нејзините успеси. Во декември, стриминг сервисот „Хулу“ соопшти дека работи на документарец за глобалното издигнување на Грета Тумберг.

Извор: Dazed&Confused

„Соблечени: женскиот акт како контекст“ –изложба во Чифте амам

$
0
0

Изложбата „Соблечени: женскиот акт како контекст“, од колекцијата на Националната галерија, ќе биде отворена на 5 март во Чифте амам, а се организира по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената.

Националната галерија како дел од својата програмска активност, изработува проекти кои вклучуваат дела од колекцијата, со цел нивна поголема визибилност до пошироката публика, и пролонгирана афирмација и валоризација на значајни автори и дела кои имаат статус на национално богатство. Таков проект, велат од Галеријата, е „Соблечени: женскиот акт како контекст“.

„Оттука изложбата ќе вклучи женски актови изработени и од автори од поранешниот југословенски простор – од јужнословенската колекција, како и дела од македонската колекција. Ќе бидат претставени, актови или полуактови од авторите: Влахо Буковац, Петар Палавичини, Фрањо Кршиниќ, Тома Росандиќ и други, како и македонските Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодороски, Борка Аврамовска, Спасе Куноски, Боро Митриќески, Иван Велков итн., па се до дела со поконцептулен дискурс од помлади автори како Ирена Паскали и Атанас Ботев. Овие дела воглавно ја слават женската убавина, ставајќи ја на пиедестал нејзината формална естетика и сензуалност“, соопштува Националната галерија.

Ана Франговска, виш кустос, пишува дека aктот, а пред се’ женскиот акт, отсекогаш бил една од доминантните теми во уметноста, како инспирација, како форма, како концепт и уметничка мистика.

„И во XX, а и во првите две декади на XXI, оваа тема е се уште непресушна инспирација за уметниците. Секако дека со развојот на новите технологии, со усложнување на критичката мисла, во процесот на ‘губење’ на границите на дисциплините, се следат разновидни стилови, уметнички пристапи, дискурзивни разгледувања, проблемски групирања, родови интерсекции, нови дисциплини, мултимедијалност итн., но тематот АКТ не изумира“, вели Франговска.

Таа потенцира дека претстави на актови се презентираат на ѕидовите од сите светски музеи, тие се дел од нашата културна историја почнувајќи од Големата божица, Вилендорфската Венера и голем број други артефакти кои ја слават плодноста, преку класичната уметност на Античка Грција, Рим, потоа ренесансата, па уметноста на подоцнежниот академизам од XVII век па понатаму, сѐ до најрецентните рефлексии на оваа проблемати

„Од Венера од Урбино, преку Енгровите актови, па се до современите актови во акциите на Gerila Girls, актот инспирирал, возбудувал и разгневувал. Сепак, сѐ уште, обичниот набљудувач појавува резигнираност во комуницирањето со ваквите дела, со срам, со презир, со неодобрување. Во новиов век, во кој сѐ е на дофат на рака и око со дигиталните технологии и сѐчини дека повеќе ништо не може да нѐ шокира, сеуште постојат пречки и бариери, се повредуваат туѓи религиозни чувства, родови чувства итн.  Дури и едукативните програми за најмладите се исклучуваат, бидејќи делата обработуваат ‘табу’ тема. Да, за некого, голотијата е сѐ уште проблем, а тоа е најприродното сведоштво на нашата егзистенција. Впрочем, човекот голем дел од својот живот го поминува без облека“, пишува кустосот Франговска.

Омаж на Неда Арнериќ во Кинотека

$
0
0

Кинотека на Северна Македонија на 14 и 15 февруари во чест на белградската актерка Неда Арнериќ, која остави траен белег во македонскиот филм, а е еден од најпознатите ликови на некогашната југословенска кинематографија, ќе прикаже четири играни филмови.

На 14 февруари со почеток од 18 часот ќе биде прикажан филмот „Време без војна“, додека во 20 часот истиот ден ќе биде прикажан филмот „Истрел“.

Следниот ден, на 15 февруари, од 18 часот ќе биде прикажан филмот „Татко (колнати сме, Ирина)“, а терминот од 20 часот е закажан за филмот „Исправи се Делфина“.

Влезницата за сите проекции е бесплатна.

[Галерија] Публиката го избра Фотографот на дивината за 2019

$
0
0

„Кавга во метрото“ на фотографот Сем Роули, на која се прикажани две глувчиња кои се борат околу парче храна во Лондонското метро, е прогласена за победник од публиката на Лумикс наградите за фотограф на годината.

Победничката фотографија беше избрана меѓу 25-те фотографии кои влегоа во најтесниот избор за наградата, кои во следните неколку месеци ќе бидат изложени во Британскиот музеј за национална историја.

Фановите на годишното натпреварување можеа да гласаат за дел од фотографиите кои не ги добија официјалните награди минатата година во октомври.

Во продолжение погледнете дел од највпечатливите фотографии на овогодишните награди:

„Кавга во метрото“ од Сем Роули, Велика Британија

„Облечени во тон“ од Мајкл Зогзоги, Либан

„Сурогат мајка“ од Мартин Бузора, Канада

„Губење на борбата“ од Арон Гекоски, Велика Британија

„Најдете го ирвасот“ од Френсис Де Андрес, Шпанија

Viewing all 37877 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>