Quantcast
Channel: Радио МОФ
Viewing all 37870 articles
Browse latest View live

[Рецензија] Трагајќи по „Професорот“ –гевгелискиот „хаваец“ кој бесплатно ширел култура

$
0
0

„Кој вели дека векот на електроника, атомски аксцелератори, космички брзини, кибернетика е век – на грубост? Ова е век на нежност. Како што сите векови се векови на нежност, додека трае човекот. Впрочем, младите сакаат нежност – без разлика дали е тоа ‘електрична’ или хавајска гитара, или лет на Месечината…“.

Записот од интервјуто на „Нова Македонија“ од 1967 година со гевгеличанецот Илија Џаџев, дава романтичарски и хуманистички осврт за солистот на хавајска гитара, човек далеку пред своето време, со културна мисија да свири над 6.000 концерти на сите меридијани. И тоа да го прави бесплатно! Без материјален надомест да музицира пред затвореници, претседатели, просјаци, рудари, деца во градинка, студенти во менза, работници во поле. Да ги заменува концертните сали со родилишта, гробишта, породилишта, пензионерски домови, селски простори, возови, како и плоштади на големи светски метрополи.

Илија Џаџев е во фокус во документарецот „Професорот“ (The Professor), новиот филм што беше прикажан на затворена проекција во кино „Фросина“ во МКЦ. Документарецот е во режија на Јордан Дуков, самиот гевгеличанец, локално и емотивно поврзан со т.н. „хаваец“.

Јордан Дуков (лево) на снимањето на филмот

За него раскажува дека првата „средба“ била на посмртна поворка, каде луѓето напред носеле – гитара.

Токму хавајската гитара на Џаџев ја има насекаде низ филмот. Патува од место во место. Од Скопје, Белград, Риека, Гевгелија до Дојран. Од човек до човек. Од меморија до меморија за поетот, боемот, велосипедистот, љубовникот и професор по географија.

Дуков и екипата сакаат да раскажат за широчината на Џаџев. Алтруизмот и неповторливиот дух на Џаџев да го постават на пиедестал, истовремено да го нурнат гледачот низ медиумски архиви и страници поезија. Филмската екипа „буричка“ низ документи и локации. Низ историја и носталгија. Во потрагата го вклучуваат и белградскиот актер со гевгелиско потекло Иван Бекјарев, кому Илија му е вујко.

Екипата на филмот

Заедно истражуваат за остатоците на еден од романите на „хаваецот“, трагајќи по човек кој ќе засвири на инструментот на Џаџев.

Ова е филмска мисија за документирање на таа културна мисија. Приказна за авантурата на музичарот што бил радосна вест на југословенските телевизии, и што бил прилично едуциран, доаѓајќи од семејство со татко што зборел 11 јазици.

Вредноста на „Професорот“ е во оригиналниот живот и поетичните замисли за светот на Џаџев. Да шири музика, да биде оригинално чуден и, меѓу другото… да плива во Дојран во јануари, а Вардар во февруари!

Илија Џаџев (1921 -1991)

Филмот не се обидува премногу да демистифицира зошто го правел тоа, туку, едноставно, дека го правел тоа. Можеби тоа е една од работите што недостасуваат во документарецот, а се намерно изоставени. За да се трага и воспева неговата симпатична „жичка“ и култивираност, хуманистичката непосредност со луѓето, а не внатрешните пориви на Џаџев.

Директорите на фотографија Доријан Миловановиќ и Кристијан Караџовски, и монтажерот е Миловановиќ, не експериментираат многу со кадри. Камерата традиционално и патеписно локализира улици, пејсажи и урбани градови. Камерата е тука, во погледот на луѓето, во нивните емоции, гестикулации кога зборуваат за Џаџев.

Идејата е да се „собере“ емоцијата од соговорниците. Тие повторно доживуваат случки, се присетуваат, се симнуваат по скалила низ историјата додека се интервјуирани, а, од друга страна, кај нараторот-режисер емоцијата оди во иста линија. Како воз што попатно застанува од станица до станица.

Илија Џаџев свири во породилиште

Музиката што провејува низ „Професорот“ е од самиот Џаџев. Продуцент e Љубиша Арсиќ, истражувач – Жарко Настоски, како аниматор се јавува Крсте Господиновски, а дизајнот на звук е на Слободан Трајкоски. Документарецот е во продукција на „Кадар“, „Машина продукција“, поддржан од Агенција за филм, МРТ и Општина Гевгелија.

Вкупно гледано, се работи за документарен филм што се обидува да го донесе уметничкиот подвиг и оригиналниот живот на Џаџев до пошироката публика. За луѓето што не го знаат – да го дознаат. А, оние што го знаат – да дознаат уште повеќе, бидејќи ова е национален уметнички белег, културно наследство. Филмот приземно се обидува Џаџев да остане во државната културна меморија, бидејќи архивите и луѓето често „испаруваат“. Како што е непознато дека Столе Попов своевремено правел дипломски филм за Џаџев.

Времето ќе покаже како младата генерација би се поврзала со „Професорот“.

Хавајската гитара на солистот

Сега, филмот го чека фестивалски живот. Потоа треба да има телевизиска премиера на МТВ. Да го проследат повеќе очи и уши. Да дознаат за поезијата, афоризмите, за стотиците концерти на Илија Џалев, дека тој е боем, но не пиел алкохол. Традиционалните резонирања не можат да поврзат боемштина без чашка алкохол во рака. Епа, Џаџев имал чашка, но само наздравувал и ја враќал на маса.

Затоа по филмот, луѓето што го проследија „Професорот“, застанати крај МКЦ, се напија по некоја чашка за „хаваецот“.

 

Бојан Шашевски


[Став] Промените кои климатската криза ги носи за Северна Македонија

$
0
0

Симона Гетова и Џеј Ди Фаруџиа

Секоја година, дискусиите за климатските промени стануваат се’ поголеми ширум светот. Научната заедница речиси едногласно потврдува дека климатската криза се случува и нејзиниот причинител е човековата активност. Научни истражувања и извештаи кои континуирано се спроведуваат и се објавуваат, покажуваат дека кризата е резултат на глобалните емисии од фосилни горива. Истите не’ предупредуваат дека ако не се направат големи промени, човештвото ќе претрпува климатски и екосистемски колапс каков што не сме виделе порано. Но, што значи ова за Северна Македонија? Како тоа ќе влијае на 2,1 милиони луѓе (според пописот од 2002 година) кои живеат тука?

57% од македонското население живее во урбани средини што значи дека значителен број луѓе се со седиште во руралните делови на земјата. Всушност, земјоделството е одговорно за 10% од БДП на Северна Македонија и има 17% од работната сила. Северна Македонија е земја богата со биолошка разновидност со околу 16,000 видови, од кои 854 се ендемични. 40% од земјиштето на државата е пошумено, а езерата и мочуриштата како Дојран, Охрид, Преспа и Вардарската долина се дом на богати екосистеми. Имајќи го предвид сето ова, Северна Македонија има многу што да изгуби заради климатската криза.

Според научните проекции, до 2050 година можеме да очекуваме забележителен раст на просечната температура од 3,3°C, намалување од 5% на просечните врнежи од дожд и почести и тешки суши и екстремни временски настани. Помеѓу 1981 и 2010 година има зголемување на просечната годишна температура помеѓу 0,2°C – 0,5°C што е уште повисоко во текот на летните месеци. Овие промени се’ повеќе ќе бидат почувствувани во секоја област, особено во земјоделството, водните ресурси на земјата, енергетскиот сектор, во различните екосистеми и се разбира, ќе имаат зголемено директно влијание врз животот на луѓето.

Земјоделство

Земјоделскиот сектор не само што придонесува значителен процент во БДП и вработеноста во земјата. Во државата има 193.000 семејни земјоделски фарми што е голем број со оглед на релативно малото население. Поради климатските промени, индустријата може да очекува помалку производство на земјоделски култури, поголемо оштетување на земјоделските култури и добиток и повисоко ниво на ерозија на почвата. Големи падови на производството се забележани помеѓу 2008 – 2012 година како резултат на зголемени топлотни бранови и суви периоди и со оглед на тоа што температурата продолжува да се зголемува, ќе има помалку можности за земјоделците да одгледуваат и берат здрави култури. До 2050 година, би можеле да очекуваме намалување од 21% на производството на пченица и 56% намалување на производството на пченка. Зголемувањето на температурите исто така значи дека земјоделските култури и добитокот ќе станат поподложни на штетници и болести.

Водни ресурси

Северна Македонија се потпира на врнежи од дожд и топење на снег за поголемиот дел потребна питка вода. Зголемувањето на температурите и намалувањето на врнежите од дожд значи дека достапноста на водата ќе стане проблематична. Многу извори на слатки води што се користат за снабдување на одредени мали села може лесно да се исушат целосно. До 2050 година се очекува побарувачката за вода за земјоделието да се зголеми за 50%, но нејзината достапност истовремено да се намали за некаде помеѓу 30 – 40%.

Енергија

Во моментов, земјата добива 48% од својата енергија од фосилни горива (претежно од термоцентрала за лигнит-јаглен), 34% од хидроцентрали, 15% од природен гас и 3% од обновлива енергија. Поради зголемената загриженост за емисиите од фосилните горива и придонесувањето кон климатската криза и многу високите нивоа на загадување на воздухот во земјата, Северна Македонија се обврза да ги намали своите емисии од фосилни горива за најмалку 30% во однос на вообичаеното сценарио. За да се постигне ова, забележано е зголемување на инвестициите во хидроенергија, како и на инвестициите во природниот гас. Додека и двете опции се сметаат за проблематични од многу климатски експерти и активисти заради социјалните и еколошките импликации од истите, овие индустрии исто така се соочуваат со проблеми како резултат на климатската криза.

Хидроенергетската инфраструктура е подложна на намалување на врнежите од дожд и зголемено лизгање на земјиштето и ерозија на почвата, додека гасоводие исто така се ранливи на истите екстремни временски настани.

Биодиверзитет и екосистеми

Богатото природно наследство во Северна Македонија е и ќе продолжи да забележува невидена загуба на биолошката разновидност и деградација.

Зголемувањето на температурата и сушата ќе ги променат пејзажите и живеалиштата на езерата и мочуриштата и ќе бидат причина за многу повеќе шумски пожари. Помеѓу 1999 и 2012 година, беа пријавени 2.800 шумски пожари во кои изгореа 130.000 хектари земјиште што земјата ја чинеше 78 милиони долари (скоро 4,4 милијарди денари).

Луѓето

Ефектите од климатскиот и еколошкиот колапс ќе влијаат на сите, но не еднакво. За жал, луѓето кои живеат во руралните области со помалку ресурси се најранливи и веќе ги чувствуваат ефектите. Ќе се соочуваме со се’ помал пристап до ресурсите за чиста вода и здрава храна и земјоделието ќе продолжи да се соочува со поголеми проблеми. Екстремните временски услови како топлотните бранови и поплавите кои ќе се зачестуваат, се директна закана за човековата благосостојба.

 

Симона Гетова
Џеј Ди Фаруџиа  

 

Протест на „Здрава Котлина“ во Струмица поради загадувањето, средношколци реагираа на притисоци

$
0
0

„Светот оди напред, ние во ПМ10“, „Преку маска дишиме, дајте чист воздух“, беа дел од пораките на денешниот заеднички протест на активистите од Здружението „Здрава котлина“ и средношколци во Струмица.

Од протестот на главниот плоштад „Гоце Делчев“, активистите поставија седум барања, меѓу кои и носење на закон со кој се регулираат емисиите кои потекнуваат од индустријата. Потоа, поставување на шест нови автоматски мерни станици и три мобилни мерни станици за триангулација на загадувачи. како и организирање на јавна трибина во Струмица, Босилово, Ново Село и Василево со тема загадување и активни мерки.

Средношколците, пак, повикаа на реформи во образованието. Помалку часови, замена на старите учебници и платена пракса беа дел од нивните барања.

Пред почетокот на протестот, од „Здрава Котлина“ информираа за реакции од ученици дека директорот на средното училиште „Димитар Влахов“ ги заклучил вратите и со закани не им дозволил на учениците да излезат. Од Здружението апелираа до сите директори да не им го ускратуваат уставното право на мирен протест, и како што велат, да размислат што прават.

Радио МОФ стапи во контакт со директорот на средното училиште „Димитар Влахов“ Димитар Ѓорѓев, кој накратко ги негираше овие тврдења.

Фото: Синдикатот

Ги запознаваме ретките болести: Бругада синдром

$
0
0

* Радио МОФ, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, во текот на февруари секој ден ќе објавува содржини за 29 ретки дијагнози. Целта на текстовите е да се подигне јавната свест, со цел проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести да се доближат до јавноста и институциите. Неофицијално во Република Северна Македонија има оклолу 2000 пациенти со ретки болести со приближно 100 различни дијагнози.

Бругада синдром

МКБ  I 47.2

Синдромот Бругада е генетско нарушување кое се карактеризира со абнормални ЕКГ наоди и зголемен ризик од ненадејна смрт. Името го носи по браќата лекари Педро и Јосеп Бругада.

Синдромот Бругада е наследно нарушување кое се карактеризира со електро физиолошки дисфункции на срцето. Обично пациентите немаат структурно срцево заболување, т.е. миокардот е нормален во однос на пумпањето и циркулацијата на крвта.

Синдромот Бругада е наследна патологија предизвикана од автозомно доминантна мутација на специфичен ген од 3-от хромозом. Дека оваа болест е опасна за здравјето и животот се должи на фактот дека предизвикува развој  на тешки аритмии и ненадејна смрт поради срцев удар. Се појавува кај млади мажи на возраст од 25-45 години. Симптомите на овој синдром се почести во Кавкаскиот регион, Далечниот Исток, Југоисточна Азија, како и Јапонија, Тајланд и Филипинските Острови.

Бругада се јавува заради нарушување во структурата на еден од 6-те познати гени. Сето ова го нарушува функционирањето на молекулите и каналите на натриум и калциум на површината на срцевите клетки. Постојат патолошки промени во процесите поврзани со работата на спроводниот дел на срцето. Во исто време, предизвикувачката мутација може да предизвика други нарушувања во телото, бидејќи оваа ДНК секвенца е одговорна за синтеза на различни ензими.

Со развојот на синдромот, се менува транспортот на натриумовиот јон, спроводливоста на мембраната и контракцијата на мускулните влакна. Пренесувањето на информациите во вид на електрични импулси помеѓу кардиомиоцитите, одговорни за натриумските канали е нарушено. Се јавува срцева слабост, нарушување во процесот на координирана контракција и релаксација на миокардните клетки. Симптомите на синдромот често се јавуваат во текот на ноќта кога лицето спие.

Вообичаени симптоми и знаци:

– аритмија

– астенија

– срцебиење

– диспнеа

– градна болка

– губење на здивот

– вентрикуларна фибрилација

– кошмари

– несоница

– немир

– бледило

– пресинкопа

– несвестица

– тахикардија

– тахипнеа

– вртоглавица

Обично симптомите се јавуваат во третата до четвртата декада од животот. Во некои случаи, синдромот Бругада не предизвикува доживотни симптоматски епизоди, и покрај откривањето на карактеристични промени во електрокардиограмот. Сепак, кај многу пациенти оваа состојба доведува до губење на свеста поради брзата и неефикасна контракција на коморите. Обично овие манифестации не се поврзани со вежбање и можат да се појават за време на одмор или за време на спиењето. Епизодите на синкопа, исто така, можат да бидат предизвикани од треска, обилни оброци и третман со некои лекови (вклучувајќи антиаритмици и антидепресиви). Луѓето со синдром Бругада исто така може да пријават палпитации со слабост и ноќна енуреза.

При тешки форми и случаи, вентрикуларната фибрилација може да доведе до срцев удар, и да предизвика ненадејна смрт на пациентот.

Дијагнозата се базира на клиничкото испитување и електрокардиограм. Во некои случаи, манифестациите на ЕКГ-то не се специфични. Во такви случаи, давањето на антиаритмици е потребно за потврдување или исклучување на дијагнозата. Исто така, достапно е и генетско тестирање. Пренаталната дијагноза се изведува ретко.

Тешко е да се процени распространетоста на болеста. Преваленцата во земјите од Истокот изнесува 1/700 -1/800. Додека пак преваленцата во Европа и САД е помала: 1/3,300 до 1/10,000. Пријавено е автозомно доминантен пренос на овој синдром.

Поткожен имплантабилен кардиовертер дефибрилатор (ICD) е единствената ефикасна терапевтска опција кај пациентите кај кои има епизоди на синкопа и бараат реанимација.  Овие уреди постојано го следат срцевиот ритам и интервенираат во случај на вентрикуларни аритмии, опасни по живот. Сепак, сè уште е нејасно кој е најдобриот третман за пациентите со ЕКГ промени и семејна историја, изложени на зголемен ризик од ненадејна срцева смрт. Генерално, кај пациентите со Бругада синдром им се советува да избегнуваат одредени лекови и ситуации што можат да предизвикаат аритмии опасни по живот.

Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ

$
0
0

Првиот настан од програмата на Критичко преиспитување на правото за 2020 година е отвореното предавање на професор Лоренцо Бернини од Универзитетот во Верона (Италија), со наслов „Merde Alors! Неофашистичко татенце маршира кон Брисел“. Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.

Лоренцо Бернини е редовен професор на Универзитетот во Верона (Италија), каде што предава Политичка филозофија. Директор е на Истражувачкиот центар „PoliTeSse – Politics and Theories of Sexuality“ и е еден од основачите на Мрежата за родови, интерсекс, феминистички, трансфеминистички и студии за сексуалноста во Италија.

Има објавено бројни трудови на италијански јазик, а помеѓу преведените на англиски се: „Queer Apocalypses: Elements of Antisocial Theory“ и „Queer Theories: An Introduction“. Неговата последна книга на италијански јазик е „Il sessuale politico: Freud con Marx, Fanon, Foucault“.

Професорот Бернини во Скопје ќе одржи јавно предавање со наслов „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“, кое ќе ги анализира десничарските политики на италијанскиот лидер Матео Салвини и појавата на „хомонационализмот“.

Во продолжение, прочитајте го воведниот апстракт за предавањето.

Во Германија и Франција, Алис Вејдел и Марин Ле Пен направија успех со тоа што покрај другите следбеници, ги привлекоа и геј мажите и лезбејките во нивните редови, претставувајќи ги како жртви на хомофобични напади од страна на муслимански мигранти. Во Италија, шовинистичкиот лидер Матео Салвини води политика која води кон она што Јазбир Пуар го нарече „хомонационализам“. Предавањето ќе мобилизира еден апокалиптичен имагинариум со цел да понуди продлабочени читања на програмскиот говор на Салвини, од јули 2018 година, на 32-от митинг на неговата партија Лига, додека беше Министер за внатрешни работи и вице-премиер. Во таа линија ќе оди обидот да се лоцираат политиката на абјектност (Џудит Батлер) и фашистичкиот архетип (Умберто Еко) кои заедно се однесуваат на нехетеросексуалните луѓе. Целта, во секој случај, нема да биде поддршка на Лигата во следење на примерите од другата страна на Алпите (Германија и Франција), туку заговарање на алијанса помеѓу ЛГБТИКА+, феминистичките, анти-расистичките движења заедно со секој демократски граѓанин против постоечките алармантни ситуации. Во нетолку далечната историја, Италија се покажа како успешна лабораторија за политички експерименти. По Првата светска војна, со Мусолини беше воведен фашизмот и веднаш потоа раширен низ цела Европа. Во 90-тите, Берлускони го претскажа претприемачкиот популизам со кој сега Трамп се поистоветува. Денес, во Италија постои ризикот од повторување на “авангардна“ политичка улога: од тука во Европа може да се извезе нешто што може да го наречеме популистички совранизам (sovranismo), кој не е во дисконтинуитет со претходните точки од најтемното минато.
Од ненадеж: огромни Кока кола лименки кои ги голтаат децата од утробите на нивните мајки. Робови напаѓачи чија репродукција не може ни да се домисли. Неименувани деца кои никогаш не требаше да се родат. И конечно, бубачката-анус кој говори отсликана во филмската адаптација на Дејвид Кроненберг – William Burroughs’s Naked Lunch. Но и либертини кои се хранат со фецес, на кои упати Маркиз де Сад, а Пјер Паоло Пазолини ги донесе во Италија со неговиот филм Salò. Последниве се фигури од крајот на цивилизацијата и крајот на човештвото, кои ќе се обидам да ги откријам како симболи на табуизацијата на аналното задоволство – нешто што и Зигмунд Фројд и Фанц Фанон го искористија за да ги лоцираат изворите на хетеросексуалното општество. Помеѓу двете парчиња од задникот на „Капетанот-татенце“ го наоѓаме она што Ли Еделман го нарече „фашизам на фигурата на детето“.

По предавањето на проф. Лоренцо Бернини, ќе следува краток разговор помеѓу него и Славчо Димитров, а потоа и кратка дискусија со публиката. Работниот јазик за време на настанот е англиски.

Нетфликс ги послуша жалбите –повеќе нема да има автоматски трејлери на содржините

$
0
0

Нетфликс се справи со „хејтањето“ така што најави дека ќе ја тргне “озлогласената“ функција преку која aвтоматски се вклучува трејлер на дадените содржини, пропратен со многу гласен звук. Ова најчесно се случува кога со глувчето ќе се задржите врз одредена серија или филм. Нетфликс не само што ја призна грешката, туку понуди и решение со оневозможување на функцијата.

„За некои луѓе автоматското започнување на трејлерот додека пребаруваат е од голема помош, но за некои не е“, одговорил Нетфликс на жалбата од корисниците.

„Ние ги слушнавме поплаките јасно и гласно, па нашите корисници отсега ќе ја имаат можноста да да ја исклучат функцијата за автоматски трејлери“, дополниле од компанијата во соопштението.

За да исклучите автоматизираната функција, најпрво треба да се вклучите на вашиот профил преку еден од пребарувачите. Потоа, треба да кликнете на „Управување со профили/(Manage profiles), да го изберете го вашиот профил и да ја деселектирате опцијата за „Автоматски трејлери додека пребарувате на сите уреди/Autoplay previews while browsing on all devices“.

За жал, од Нетфликс известуваат дека преку оваа опција нема за брзо да се “откачите“ од автоматските трејлери.

„Постои можност за застој пред новите опции да имаат полн ефект. Може да го забрзате апдејтирањето преку префрлување на друг профил, па вклучување од вашиот, со цел да го обновите вашиот профил со веќе ажурираната функција“, објаснуваат од компанијата.

Извор: Mashable

„Црнила Remix“ на винил –концертна промоција во МКЦ

$
0
0

Претставата „Црнила Remix“, која е рап адаптација на „Црнила“ од Коле Чашуле, добива свое винил издание. #Организацијата веќе приреди и концерт, а рап песните кои се содржат во претставата отсега ќе бидат издадени и како албум.

Промоцијата на винилнот издание ќе се одржи вечер во Младинскиот културен центар со почеток од 21 часот. Гостински настапи ќе имаат „Зад Аголот“, диџејот „Oky Doky“, „Куп де Грас“ и „Скопски грув“.

Цената на билетот е 300 денари.

Posted by Младински Културен Центар on Friday, 24 January 2020

На Антарктикот се измерени рекордни 18, 3 степени

$
0
0

Светската метеоролошка организација (WMO) известила дека на истражувачката станица на Антарктикот во четвртокот била измерена температура од 18, 3 степени Целзиусови, што е најтоплата температура измерена на тој континент.

Според изјавата на потпаролката на „WMO“, Клер Нулис, досегашниот рекорд на Антарктикот се 17,5 степени измерени во 2016 година.

Колку и да звучи неверојатно, податоците покажуваат дека во четвртокот, температурата на Антарктикот била иста како температурата во Сан Диего (Калифорнија), а од „WMO“ велат дека воопшто не е утешителен фактот дека моментално, на Јужната хемисфера е лето.

Според податоците од „WMO“, Антарктикот најбрзо се загрева за разлика од сите делови на Земјата, а во изминатите три години, просечната температура на континентот е зголемена за 3 степени.

„Количината на мраз кој се топи на Антарктикот е зголемена за шест пати помеѓу 1979 и 2017 година, а топењето на сантите значи дека имаме големи проблеми со подигањето на нивото на морињата“ – истакнала Нулис.

Научниците веќе долго време предупредуваат дека поради глобалното затоплување се топат ледените плочи на Јужниот пол што ќе доведе до катастрофи бидејќи нивото на морињата би се зголемило за најмалку три метри.

Извор: N1 Info


Најавена повторна дружба со „Пријатели“ на „ХБО Макс“

$
0
0

Групата „Пријатели“ ќе се соедини за „нережирана“ специјална дружба, по повод лансирањето на платформата за стриминг „ХБО Макс“

Ѕвездите од серијата „Пријатели“ наводно постигнале договор со „Варнер Брос“ за едночасовна дружба на „ХБО“.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер, Мет ЛеБланк и Метју Пери индивидуално ќе добијат од три до четири милиони долари за да се појават во специјалното издание.

По повод повторната средба, ќе бидат инволвирани и оригиналните автори на серијата, Марта Кауфман и Дејвид Крејн.

Шпекулациите за повторната дружба „одекнаа“ повторно неделава, откако Метју Пери на „Твитер“ објави дека се очекуваат големи вести.

Фановите на серијата „Пријатели“ веќе долго време бараат повторно обединување. Гласините дека серијата би се вратила на малите екрани започнаа откако Џенифер Анистон ја објави својата прва фотографија на Инстаграм, „селфи“ со сите ѕвезди од шоуто.

https://www.instagram.com/p/B3o8vWDhlOh/

Извор: Independent

Ќе започне со работа ЈП „Лајка“ –стационар за бездомни кучиња

$
0
0

На следната седница на Советот на Град Скопје ќе се расправа за „Програмата за хуман третман и благосостојба на животните скитници“ за работење на ЈП „Лајка“.

Со спроведување на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници и значително намалување на нивниот број на улиците.

Програмата предвидува заловување на нерегистрирани/видно необележани кучиња на јавни површини, без сопственик, нивен преглед во ветеринарната служба во стационарот, привремено сместување во стационарот до нивно вдомување или враќање на локација од каде што се заловени или трајно згрижување во резерват за кучиња. Претходно кучињата ќе бидат тестирани, третирани (по потреба), вакцинирани против беснило и заразни болести, дехелминтизирани, стерилизирани и обележани со ушна маркица и микрочип.

Најзначајна новина е регистрацијата, односно отворањето на ветеринарна служба на Градот чии услуги ќе бидат по минимална пропишана цена од ценовникот на Ветеринарната комора на СРМ. Од Град Скопје велат дека ординацијата ќе биде опремена по најсовремени стандарди и ќе има две хируршки сали, дел за интензивна нега, приемен преглед, чекална, стерилна просторија и просторија за лекови.

Во минатото редовно, речиси без исклучок, една иста амбуланта го добиваше тендерот за третман на уличните животни на територијата на Град Скопје и услугите од истата беа двојно преплаќани од буџетот на Град Скопје.

Стационарот го зголеми својот внатрешен капацитет и при реконструкцијата на постојниот објект од 80 дотраени метални боксови, се направија нови ѕидани 100 апартмани за кучиња со подно греење и со вентилација по стандардите пропишани во правилниот за прифатилишта од Агенцијата за храна и ветерина. Дополнително максимално ќе се искористи и надворешниот дел од објектот и се поставуваат нови 60 боксови за поголеми раси на кучиња кои ќе имаат пристап до новиот парк.

Новина се и брзите тестови за детекција на болести, како и задолжителната вакцинација и ревакцинација на кучињата скитници со цел да се превенираат заразните болести кај нив. Освен со ушна маркица кучињата ќе бидат обележани и со микрочип и за секоја единка ќе се води уредна електронска евиденција за здравствената состојба.

Во стационарот ќе има возила за брза интервенција при итни случаи од каснување на куче кои ќе бидат на располагање 24 часа за граѓаните.

Граѓаните ќе имаат можност на СОС телефонската линија да пријават повреда од каснување на куче, а дежурниот вработен на линијата е должен да пријави итен случај во стационарот и во Агенцијата за храна и ветеринарство чиј инспектор е должен понатаму да постапи согласно со законот.

Доколку кучето кое нападнало е на местото на настанот истото веднаш ќе биде заловено, а потоа ќе се постапува по проценка на ветеринарот и пропишаните правила на програмата за прием на ново животно во стацинарот.

Евтаназијата се спроведува само и исклучиво како хумана евтаназија на болни животни, кои се смртно болни или повредени – во терминален стадиум на болест или повреда, кога е неизлечлива состојбата, кога е невозможно да се елиминира болката и при позитивни резултати од наведените болести (парвовироза и штенечак) и во случаи кога се агресивни животните и претставуваат закана за околината. Програмата евтаназија смее да се изведе само како последна опција во случаи кога нема никој заинтересиран да го преземе понатамошното лекување на многу болно животно, како и во случаи кога станува збор за екстремно агресивно животно за кое нема можност за ресоцијализација.

Одлуката за извршување евтаназија може да ја донесе само ветеринарно лице. Неопходна е детална аргументација за ваквиот чекор во регистарот на евтаназирани животни.

Ги запознаваме ретките болести: Лоу синдром

$
0
0

* Радио МОФ, како дел од кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, во текот на февруари секој ден ќе објавува содржини за 29 ретки дијагнози. Целта на текстовите е да се подигне јавната свест, со цел проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести да се доближат до јавноста и институциите. Неофицијално во Република Северна Македонија има оклолу 2000 пациенти со ретки болести со приближно 100 различни дијагнози.

Лоу синдром

Лоу синдромот се карактеризира со проблеми со видот, вклучувајќи ја и катаракта која е присутна уште при раѓање, проблеми со бубрезите кои обично се развиваат во првата година од животот и абнормалности во мозокот кои се поврзани со интелектуална попреченост.

Начин на наследување

Лоу синдромот се наследува како Х-поврзана генетска состојба.

Клиничка слика

Новороденчињата со Лоу синдромот имаат катаракта која е присутна при раѓање (може да се открие со пренатален ултразвук кај сомнителните случаи). Корегираната визуелна острина ретко кога е подобра од 20/100.

Приближно кај половина од пациентите се јавува глауком кој може да доведе до слепило ако не се контролира. Новороденчињата имаат и слаб тонус на мускулите (хипотонија) при раѓање и задоцнет моторен развој. Се регистрира и развојна, интелектуална попреченост што може да варира од блага до сериозна форма. Парализите се јавуваат кај приближно половина од пациентите на возраст од шест години, а се јавуваат и промени во однесувањето. Кај овие пациенти се регистрира и Фанкониева проксимална тубуларна дисфункција. Оваа абнормалност резултира во губење на одредени материи (аминокиселини, бикарбонати и фосфати) во урината, кои обично се реапсорбираат пред екскреција во конечната урина. Други знаци кои се регистрираат при Лоу синдромот се низок раст, забни цисти и абнормално формирање на дентинот на забите, цисти на кожата и недостаток на витамин Д кои можат да доведат до меки коски, скелетни промени (рахитис), фрактури на коските, сколиоза и невоспалително дегенеративно заболување на зглобовите.

Причини

Синдромот Лоу е генетско нарушување поврзано со Х хромозомот, предизвикано од мутација во OCRL генот, што резултира во намалена активност на ензимот  5-фосфатаза. Околу една третина од заболените мажи имаат мутација. Кај останатите случаи, нарушувањето се наследува од страна на мајката, која е носител на генот. Секое девојче носител на оваа болест, на возраст над 10 години ќе покаже карактеристични промени во леќите на очите, различни од каква било друга метаболичка катаракта. Некои од нив ќе развијат значајна катаракта дури и во раните 30-ти години, доволна за да се побара оперативна интервенција. Истата може да биде пропуштена од оперативниот хирург. Како и да е, овие карактеристични промени во леќите на жената носител треба да го наведат офталмологот за да даде совети за идни бремености и добивање на новороденче од машки пол. Мажот има само еден Х-хромозом што го наследува од својата мајка. Ако  новороденчето од машки пол наследи Х-хромозом што го содржи генот за овој синдром, тој ќе ја развие болеста.

Дијагноза  

Лоу синдромот се дијагностицира кога намалената активност на ензимот 5-фосфатаза се покажува на култивирани клетки на кожата (фибробласти). Молекуларното генетско тестирање за мутации на OCRL генот е исто така достапно и точно се открива кај повеќе од 95% од заболените мажи. Околу 95% од девојчињата носители постари од 10 години имаат специфични и карактеристични абнормалности на леќата на окото што може да се дијагностицира од искусен офталмолог. Пренаталната дијагноза е достапна со биохемиско испитување (анализата на ензимите) или со молекуларно генетско тестирање, ако мутацијата на OCRL генот е утврдена кај заболен машки роднина или мајка носител.

Третман

Третманот на Лоу синдромот обично бара тим од медицински професионалци, вклучувајќи педијатриски офталмолог, нефролог, генетичар, нутриционист, ендокринолог, невролог, специјалист за развој на деца, општ хирург, ортопед и стоматолог.Слабиот тонус на мускулите (хипотонија) понекогаш може да резултира со проблеми во хранењето. Истиот може да биде причина за хранење со цевка и преземање на вообичаени мерки за гастроезофагеален рефлукс. Предвременото отстранување на катарактата се препорачува да се промовира оптимален развој на видот. Очилата за сонце и контактните леќи помагаат за подобрување на видот. Глаукомот што се јавува кај половина од мажите болни од овој синдром понекогаш може да се лекува медикаментозно, но обично е потребна операција. Фанкониевата проксимална тубуларна дисфункција се третира со орални додатоци од натриум и калиумбикарбонат и лицитрат. Дозите мора да се утврдат на индивидуална основа. Оралниот фосфат и орален калцитриол се користат за лекување (или спречување) на рахитис. Густината на коските треба да се следи периодично. Нападите се контролираат со антиконвулзивни лекови. Проблемите во однесувањето се третираат со модификација на однесувањето и лекови. Се препорачуваат програми за рана интервенција кои вклучуваат физикална терапија, професионална терапија, говорна и јазична терапија, специјални служби за образование и услуги за лица со оштетен вид кои треба да започнат во раната детска возраст. Момчињата со Лоу синдромот треба редовно да се следат за проблемите со видот, функцијата на бубрезите, раст, напредокот, сколиоза и проблеми со зглобовите и забите. Бубрежната болест во крајната фаза успешно се лекува со дијализа и трансплантација на бубрег.

Изложба на наградените дела од „Лифт“ –втора годишна стрип награда

$
0
0

На вториот распишан конкурс за стрип наградата „Лифт“, издавачката куќа „Темплум“ извести дека добила дваесетина стрипови од 18 автори, од кои наградени се три уметнички дела. Жирито за „Лифт“ годинава го сочинуваа Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Битољану.

Во понеделник, во кафулето „Гаврош“, ќе бидат доделени наградите од втората стрип награда „Лифт“, а ќе биде промовирана книгата во која се застапени десет автори кои учествувале на конкурот.

Во „Гаврош“ ќе има и изложба на трите наградени стрипови.

Во продолжение погледнете дел од авторите кои се застапени во книгата.

 

 

[Видео] Објавени номинациите за „Златна Малина“

$
0
0

Членовите на гласачкото жири на наградата „Златна Малина“ поминаа низ многу лоши изданија за да ја направат нивната селекција на „Најлошите достигнувања во филмот“ за 2019. Почитувајте им го трудот.

За најголемо разочарување се натпреваруваат мјузиклот на Том Хупер, „Мачки“, „Рамбо“ на Силвистер Сталоне и „Семејниот погреб на Медеа“ на Тајлер Пери. Трите филма индивидуално имаат по осум номинации.

“Честа“ да бидат номинирани оваа година ја имаат и актерите Дејвид Харбор („Хелбој“) и Џон Траволта („Фанатик“).

Ова е 40тото издание на наградите „Златна Малина“. Обично, номинациите за ова достигнување се објавуваат неколку дена пред номинациите за „Оскар“, но овогодинешното поранување на Академијата е причина што номинациите за „Златна Малина“ ги усреќија актерите малку подоцна.

Листата со сите номинации за „Златна Малина“ може да ја прочитате тука.

 

Колективно стискање палци за „Оскари“ во Младински културен центар

$
0
0

Младинскиот културен центар вечерва ќе го спростре својот најдобар црвен тепих, а посетителите ќе можат да го погледнат документарниот филм „Медена Земја“ за последен пат пред оскаровската церемонија за да ја почуствуваат „медената“ треска. Поради големиот интерес, домаќините објавија дека „Оскарите“ ќе бидат проследени на повеќе екрани, а за таа цел ќе биде отворено цело МКЦ.

По проекцијата на филмот, од МКЦ најавуваат специјална музичка програма во која учество ќе земе дел од авторската екипа.

Некаде по полноќ, публиката заеднички ќе го проследи 92то издание на „Оскарите“, по што ќе следуваат колективни солзи радосници или утешувања за судбината на „Медена земја“.

Билетите за овој настан се бесплатни, а достапни се исклучиво на билетарницата на МКЦ.

Појдете во МКЦ по вашите билети за заедно да стискаме палци!

 

Онлајн петиција за спас на Преспанско Езеро од пресушување

$
0
0

Граѓаните започнаа онлајн петиција за спасување на Преспанското Езеро кое е на раб на пресушување.

„Преспанското Езеро е едно од трите природни езера во С. Македонија. Тоа има многу богата историја и е дом на разновидна флора и фауна. Езерото е живеалиште на најпознатата риба, крапот. Моменталната катастрофална состојба на езерото според која водното ниво е повлечено за девет метри и 50% во волумен е загрижувачка и ужасна за Преспанското Езеро“, стои во петицијата.

Во неа се наброени сите проблеми со кои се соочува езерото, како исушените мочуришта, концентрација на сулфати и пестициди и слаб проток на чиста и свежа вода.

„Природните и еколошки катастрофи не познаваат политичка партија, религија и нација. Промената треба да започне од нас како индивидуи, за потоа да побара поддршка од поголемите институции. Ајде да ја потпишеме оваа петиција и да ги потсетиме надлежните од Министерството за животна средина да не го заборават Преспанското Езеро и да ги направиме сите напори за да го спасиме од исчезнување“, се додава во петицијата.


Алтернативни реклами ќе промовираат филмови од режисерки за време на „Оскарите“

$
0
0

Непрофитната иницијатива „Give her a break“ („Остави ја на раат“) се спротивставува на машката доминација во категоријата „Најдобар режисер“.

Сите номинации за „Најдобар режисер“ кои Академијата ги објави минатиот месец, ги добија машки режисери. Иако овој факт звучи познато, (досега во историјата, само пет жени биле номинирани во оваа категорија), сепак е разочарувачки.

Особено е тажно бидејќи оваа година гледавме голем број на филмови режирани од жени. „Малите жени“ на Грета Гервик е очигледен пример – режисерката зборуваше отворено за малата застапеност на жените во филмската индустрија. Освен филмот на Гервик, изминатата година имавме можност да ги гледаме и „Измамничките од Волстрит“ („Hustlers“) на Лорин Скафарија, „Збогување“ („The Farewell“) на Лулу Венг и „Kвин и Слим“ („Queen & Slim“) на Мелина Мацукас.

„Give her a break“ („Остави ја на раат“) се спротивставува на пристрастноста, така што нуди алтернативен начин на гледање на „Оскарите“ кои ќе се емитуваат вечерва.

Непрофитната иницијатива ќе функционира преку веб-портал кој ќе ја пренесува оскаровската церемонија, но наместо вообичаените реклами, ќе се промовираат филмови од режисерки.

„Постојат милиони жени кои создаваат неверојатни филмови, но не се пробиваат на ист начин во индустријата, како што тоа го прават мажите. Ние сакаме да го поправиме тоа“, вели основачката на овој проект, Мо Саид.

Посетете ја страницата на „Give her a break“ („Остави ја на раат“) за да видите како функционира.

Извор: Dazed&Confused

 

Најновата алатка на „Инстаграм“ покажува кои следбеници не ги сакате

$
0
0

„Инстаграм“ додаде нова алатка која покажува кои следбеници не ги сакате. Оваа новина им дозволува на корисниците да го „исчистат“ својот профил преку отследување на профилите со кои најмалку комуницираат.

Рака под рака со оваа новина, доаѓа и друга алатка, која покажува со кои профили најмногу комуницирате, со цел полесно да го уредите својот профил.

Алатката може да ја пронајдете на вашите профили, со употреба на копчето „следам“ („following“).  Постои опција да ги видите профилите кои најчесто се појавуваат во објавите кои ги гледате. Тие најверојатно се оние профили со кои најмногу комуницирате, поради фактот дека „Инстаграм“ највеќе го цени бројот на допаѓања.

Другата опција е да ги видите профилите со кои најмалку комуницирате. Тука спаѓаат оние профили кои можете да ги отследите доколку нивните објави почнуваат да ви здосадуваат.

Овие нови алатки се тестираа до крајот на минатата година, но конечно се достапни за сите.

Тие треба да им дозволат на луѓето да имаат поголема контрола врз нивните профили и полесно да стигнат до содржината која сакаат да ја гледаат.

„„Инстаграм“ е апликација која се труди да ги зближи корисниците со луѓето кои им значат и работите кои ги интересираат, но знаеме дека со текот на времето, интересите и односите може да еволуираат и да се променат. Кога ќе дипломирате, ќе се преселите во друг град или се заинтересирате за ново хоби, сакаме да ви помогнеме полесно да менаџирате со вашиот профил за тој да ги репрезентира вашите моментални поврзување и интереси“, изјавил потпарол за компанијата.

Извор: Independent

Карпош објави онлајн анкета за новиот изглед на салата „Партизан“

$
0
0

На веб страницата на Општина Карпош поставени се двата идејни проекти за новиот изглед на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ (позната како „Партизан“). Граѓаните имаат можност да се запознаат со идејните проекти кои се подготвени од македонски и странски архитекти и преку анкета да гласаат за новиот изглед на објектот.

Од Карпош велат дека можноста за гласање за еден од понудените проекти ќе трае 10 дена, од денот на поставувањето на веб страницата на Општината, поточно од 8 до 18 февруари.

„Двата идејни проекти го задржуваат автентичниот изглед на салата, но вметнати се и нови содржини, со цел ‘Партизан’ да се прилагоди на новото време и да добие во мултифункционалност“, велат од Карпош.

Идејните решенија се изработени на волонтерска основа, од архитекти – членови на Меѓународната невладина организација „Културно ехо“.

Организацијата за Радио МОФ веќе рекоа дека „Партизан“ е донација од францускиот народ по катастрофалниот земјотрес во Скопје, односно овој спортски објект е синоним за пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ.

„За жал, овој ‘синоним’ за нашето пријателство со години беше рунирано и обезвреднето, односно претставуваше закана за локалното население. Во овој простор се родиле многу спортски таленти, односно зачетоците на спортот во Скопје, се токму во Соколоната, односно спортскиот објект кој бил срушен за време на земјотресот, а се наоѓал на денешната локација на ‘Партизан’“, рекоа од „Културно Ехо“, надевајќи се дека во административниот дел ќе обезбедат канцеларии за невладиниот сектор, мало катче каде ќе има можност за состаноци и да се развиваат идни идеи и проекти.

[Фото] Руинираниот „Партизан“ во потрага по нов живот

Исто така, нагласија дека наскоро ќе потпишат и меморандум за соработка со Општина Карпош во однос на целиот процес на ревитализација на салата „Партизан“.

„Сакаме да на напоменеме, дека просторот како ресурс е исклучително важен за градот, и одкако градот ќе го изгуби овој ресурс, тоа е неповратен процес“, рекоа од „Културно ехо“.

Општина Карпош вели дека овој култен спортски објект, при крајот на 2019 година, беше вратен на трајно користење на Општина Карпош.

„Локалната самоуправа веќе презема активности за негово оградување, а по изборот на идејното решение ќе следува и подготовка на основен проект. За реконструкција на ‘Партизан’ се предвидени средства од Агенцијата за млади и спорт“, соопштуваат од Карпош.

„Панорамското тркало“ и „Вртелешката во Луна парк“ под лупа на ревизиорите

$
0
0

Како се делеле јавни набавки, колку пати и со која цел се менувале Годишните планови за јавни набaвки, кои се слабостите и последиците – ова се клучните прашања кои ги третира државниот ревизор во анализата „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на договорите за јавни набавки на ниво на ЈП на Град Скопје“,пишува неделната економска анализа на Порталб. Направен е увид во вкупно 61 постапка за доделување на јавни набавки кај шест јавни претпријатија. Со ревизијата бил опфатен период од 2016 до 2018 година, но и периодот претходно кога биле склучувани договори кои предизвикале обврски во годините потоа. Раководствата на шесте јавни претпријатија доставиле вкупно 24 забелешки на ревизорскиот извештај, од нив 11 не биле прифатени, за 11 забелешки било оценето дека се известување, една забелешка е целосно а една делумно прифатена.

Се трошеле пари – а ефектите и целите од јавните набавки не се постигнале

Се спроведувале како итни, со преговори во “четири очи“ а можело да се реализираат како редовни постапки за јавна набавка. Ова е една од клучните забелешки нотирана во ревизиорскиот извештај кој под лупа го става начинот на спроведување на јавните набавки од страна на шест јавни претпријатија формирани од Град Скопје во перидот од 2016 та до 2018 та година.

„Во моменти кога се иницирала постапката со преговарање со крајна итност, настаните биле итни, но со оглед на тоа дека истите се појавувале како континуиран или очекуван настан, можеле да бидат точно планирани и навреме започнати“ – се наведува во ревизиорскиот извештај.

Ревизиорите обрнуваат внимание на две вредносно поголеми набавки кои ги презеле јавни претпријатија наложени од нивниот основач Град Скопје во 2014 та и 2016 та година.

Во јули 2014 та година меѓу ЈСП и градежна фирма склучен е договор во износ од 18,3 милиони евра за инвестиционо вложување во изградба на Панорамското тркало.

„До периодот на вршење на ревизијата, односно до април 2019 та по овој основ исплатен е значителен износ од 4,8 милиони евра за изградба на објектот. Во март 2019 та градоначалникот на Град Скопје по претходно доставено барање од ЈСП, донел Решение за измена на текот на градбата со кое објектот е пренамент во пешачки мост а бетонските столбови на кои требало да стои тркалото се урнати. Пренамената на објектот треба да претставува “спасување“ на веќе инвестираните парични средства но треба да се има предвид дека на околу 50 метри веќе постојат два моста“ – пишува во ревизиорскиот извештај.

Втората набвка што ја анлизираат ревизорите се однесува на детската вртелешка Карусел за што во јули 2016 та бил склучен договор меѓу ЈП Паркови и зеленило и фирмата – носител на набавката во износ од 200 000 евра.

„Набавката е реализирана во 2017 та година и истата година вртелешката е поставена во Луна паркот. Иста ваква набавка со ист правен субјект била спроведена во 2002 та година со вредност од 163 000 денари. На ревизијата не и се презентирани соодветни докази за потребата од оваа набавка во услови кога Град Скопје во последните неколку години иницира иградба на нов забавен парк со нови реквизити“ – пишуваат ревизорите и констатираат:

„И во двата случаи набавките не ги дале првично утврдените цели а биле потрошени значителни финансиски средства“.

Слабости и пропусти при доделување на јавни набавки ..

Без спроведена постапка за јавна набавка, во 2017 та година, шесте јавни пртепријатија создале обврски во износ од 300 000 евра, главно з анабвка на електрична енергија и за поштенски услуги. Според ревизорите проблемитични се набавките до 500 евра на месечно ниво кои не се опфатени за законските решенија за јавни набавки.

„Од спроведените испитувања дојдовме до заклучок дека сите ЈП, освен ЈП Комунална хигиена не с епридржувале до овој лимит, односно за овој вид на набавки потрошиле поголем износ од годишното ограничување поради различно толкување од член во законот“ – посочуваат ревизиорите и наведуваат дека од април 2019 та за зголемени вредносните прагови за набавките“ – велат ревизорите.

Во дел од слабостите и пропустите при доделување на јавните набавки, ревизијата меѓудругото констатира:

“Постојат набавки за кои не е спроведена постапка и не е склучен договор. Објавувањето на проценетата вредност во огласот не обезбедува конкурентност. Доделувањето на договорите за јавни набавки во кои учествува еден понудувач најчесто не ги дава очекуваните резултати во однос на начелата за доделување на договори за јавни набавки. Користење на најниска цена како единствен критериум за избор на најповолна понуда може неповолно да влијае врз квалитетот на стоките и услугите“.

Во 2016 та и 2017 та година во дури 54% од вкупниот борј на спроведени постапки е доставена понуда од само една фирма – понудувач а во 2018 та овој процент се намалува на 39%.

„Овие процентуални вредности се големи и укажуваат на отсуство на конкуренција во постапките“ – заклучуваат ревизорите.

Ревизијата ги анализира и податоците за тоа колку јавни набавки биле планирани на ниво на ЈП а колку од нив се реализирале, па така се заклучува дека сите шест ЈП не успеале да ги спроведат во целост планираните набавки.

„Во 2017-та година стапката на реализација на планот се движи од 57% кај ЈП Водовод и канализација до 72% кај ЈП Улици и патишта. Истакнуваме дека кај ЈСП ревизијата не беше во можност да ги утврди процентите на реализација поради начинот на евидентирање на постапките, но од 2019 та со законските измени, се очекува оваа состојба да биде надмината“ – наведуваат ревизорите.

Во периодот од 2016-та до 2018-та година ревизорските наоди покажуваат дека не постои ЈП кои не направило промена на годишниот План за јавни набавки, а во некои случаи измените се големи и финансиски значителни.

Извор: Порталб

Микал „rysiek“ Вознијак од OCCRP е говорник на ENGAGE 2020

$
0
0

Микал „rysiek“ Вознијак е надлежен за безбедноста на инфраструктурата и информациите на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (Organized Crime and Corruption Reporting Project – OCCRP).

Тој има технолошка, политичка и активистичка позадина. Пред да се приклучи на OCCRP, тој раководел со слободен софтвер наменет за невладини организации и соработувал со голем број организации со седиште во Европската Унија кои работат во областа на дигиталните човекови права.

Неговите главни интереси вклучуваат безбедност на информации, приватност во дигитална ера, управување со Интернет (вклучувајќи цензура, надзор, Интернет неутралност), реформа на авторските права, писменост на дигитални медиуми. Вознијак е ко-автор на „Net Neutrality Compendium“ и „Media and Information Competencies Catalogue“.

Тој е дел од говорниците на ENGAGE 2020 што ќе се одржи на 22-ри февруари со почеток во 12:00 часот во МКЦ, Скопје. Тој ќе зборува на темата „Технологијата и иднината на демократијата“.

Инаку, деветтото издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2020 ќе вклучи домашни и странски активисти-говорници на разни теми како дигитална демократија, животна средина, иднината на образованието и медиумите, како и правата на ЛГБТИ заедницата и граѓанската ангажираност.

Листата на говорници сѐ уште не е затворена. Во меѓувреме, регистрацијата за настанот е отворена, а можност за учество ќе имаат првите 300 пријавени учесници за конференцијата.

За да ја проследите конференцијата, може да се регистрирате тука.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.

Viewing all 37870 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>